Tuesday, January 24, 2017

Дедо Мраз и трите чудни писма

Aвтор Андреј Паревски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еден обичен, необичен ден додека Дедо Мраз беше во својата работилница, му стигна едно чудно писмо. Тоа писмо беше навистина многу необично.
Kога го отвори писмото од него излетаа уште две писма.Тој многу се зачуди.
Во првото писмо пишуваше дека некој го моли да направи  торта на три спрата.
Во второто писмо некој го молел да направи илјада играчки.
А третото писмо беше многу необично. Во него ништо не пишуваше. Еве што беше нацртано во негоВиолетови облаци, сино сонце, небото не било сино туку зелено.
 Цртежoт ми личи на мапа- се мислеше Дедо Мраз
Потоа почна да подготвува состојки за тортата на три спрата: 3kg  шеќер во боја, 4L вода,  2kg шеќер во прав и едно чоколадо.
Седна да си пресмета колку пари вкупно треба да потроши ако, 1kg шеќер во боја е 35 денари, водата е бесплатна, 1kg шеќер во прав е 49 денари а 1 чоколадо е два пати поскапо од килограм шеќер во боја. Пресметуваше така и си пресмета но јас не видов како излелезе таа математика па сега и јас не е лошо да пресметам, колку да знам.
Потоа почна да ја прави тортата на три спрата но виде дека сега му недостигаат уште 2kg крупен шеќер.
-Сега што да правам? Да отидам до домот на моите соседи или не?- си размислуваше гласно Дедо Мраз. Ќе одам кај Итар Пејо, тој живее на крајот од селото но е многу добар пријател и сигурно ќе ми помогне.
 Дедо Мраз појде кај својот сосед Итар Пејо за да позајми од него но тој имаше само 1000 грама. Го зеде шеќерот и отиде кај соседот Пинокио.
Пинокио му даде само 70 грама бидејќи пред тој ден и тој правел голема торта и колачи.
-Ах, ова мислам дека не е доволно- си мислеше Дедо Мраз загрижен.
Тој се врати тажен во својот дом но ненадејно во машината за играчки здогледа шеќер. Внатре имаше токму колку што му недостигаше. Што мислиш, колку грама имаше во машината? Јас знам но не си кажувам.
Така среќен и задоволен за брзо време ја подготви тортата на три спрата и ја стави да се пече.
-Е сега можам да почнам со правење на играчките од второто писмо- си рече Дедо Мраз
 -Илјада играчки во различни бои, имам голема работа. За нив ми требаат 12kg пластика.Точно толку, ни помалку ни повеќе- си зборуваше тој.
 Дедо Мраз бараше лево, десно но немаше толку пластика во својата куќичка и мораше да оди до својот резервен магацин на Јужниот Пол. Си ја згреа својата облека, ги спреми ирвасите и тргна.
Додека патуваше низ белиот килим забележа дека се ближи до местото. Препозна по елените кои одат таму на прошетка.
Аха, сега е 3:16 минути попладне-рече Дедо Мраз. До таму ми се потребни точно 20 минути. И навистина по 20 минути стигна до својот магацин.
Чудно, часовникот ми застанал! Колку е сега часот?- се прашува загрижен Дедо Мраз.
                                     
Но за несреќа Дедо Мраз го заборави клучот во својот дом и сега мораше некако да го отвори прозорецот за да влезе. Така поминаа уште 7 минути.
 Колку е сега часот? Леле, можеби изгубив многу време?-Дедо Мраз загрижен гледаше на часовникот но тој никако да проработи.

 Влезе внатре, зеде 12kg пластика и тргна за дома. На враќање еден од елените никако не стануваше, легна да спие на патот и сите други го будеа па така за враќање Дедо Мраз изгуби за 15 минути повеќе од обично. 
Ајде не е многу доцна, имам време- се тешеше Дедо Мраз.
 Сега тој почна да прави играчки и направи: 7 пати по 4 роботи, 5 пати по 100 автомобили, 3 пати по 15 кукли, 4 пати по 50 трактори.
  Колку играчки бараа во писмото, се збунив и не можам а се сетам?. Дали можеби треба да направам уште играчки?- Дедо Мраз стоеше замислен и најпосле си пресмета.

Потоа отиде на адресата каде што требаше да ги однесе сите подароци од писмата. Виде дека тоа е роденденска забава на Малиот Принц . Целата соба била украсена како најубава бајка. Малиот Принц полета од среќа кога го виде Дедо Мраз.
Детето кое му го испратило третото писмо му било најдобар другар на принцот. Тогаш Дедо Мраз се сети дека тој го заборавил третото писмо и многу му се извинуваше на детето.
Детето за извинување му побара на Дедо Мраз таму да направи сцена каква што нацртало во писмото. Дедо Мраз зеде неколку парчиња хартија и ја направи сцената на сред соба.
-Ти благодарам Дедо Мраз, сега со другарчињата ќе си играме најубава театарска игра. Ова ќе биде најубав роденден.

Сега и тоа дете беше многу среќно и сите заедно уживаа во роденденската забава на принцот со многу другарчиња. Дедо Мраз ми кажуваше дека никогаш до сега не се забавувал толку убаво.
Тортата била толку вкусна што останало само едно парче и Дедо Мраз го изел скришно.


No comments:

Post a Comment