Tuesday, January 24, 2017

Тајната за првата снегулка на земјата


Aвтор Леонид Јанковски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еден ден Ана погледна низ прозорецот и виде како паѓаат снегулки. Таа многу се израдува и отиде кај нејзиниот дедо, да му каже дека надвор паѓа снег. Дедо и ја зеде во неговиот скут и почна да и ја раскажува легендата, како многу одамна се родила првата снегулка на земјата:
„Еднаш многу одамна си било едно девојче по име Теа. Теа живеела во куќа со своите родители. Еден ден кога излегувала од својата соба во ходникот со бели плочки видела бело ливче и го зела во рацете.
 Го отворила ливчето и видела дека таму е напишана една приказна од две страници.
Кога Теа ја прочитала првата страна, другата страна се отворила како врата и девојчето се нашло внатре во неа.
Под нозете газела на многу чудни облачиња но освен нив друго ништо немало во тој чуден свет. Таа многу се налутила бидејќи сакала да се врати назад и да си игра со другарчињата. Тогаш во лутина удрила со ногата на која имала розева стаклена чевличка и во тој миг првата, најпрва снегулка паднала во градот под облаците.
Сите што ја виделе првата снегулка многу се израдувале и долго раскажувале за неа.
Потоа Теа, кога видела што се случува, се развеселила и за да ги радува децата почнала да танцува над облаците и целиот град се прекрил со бела покривка.
 Додека танцувала Теа слушнала како мајка и вика по неа, се разбудила и сфатила дека тоа било само сон.„

-Готово дедо?
-Да Ана, така завршува оваа приказна за раѓањето на првата снегулка но ние можеме секој ден да си ја продолжуваме заедно да биде уште поубава- рекол дедото и го испратил девојчето на спиење.


No comments:

Post a Comment