Tuesday, January 24, 2017

"Шесте елки и облачето кое не знаело како се јаде јаболко"


Автор Андреа Долевска
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Во едно мало место си живееле шест елки. Тие разговарале за тоа која е најубава.
Едната велела дека таа е најубава но и другите го зборувале истото. По некое време почнале гласно да се караат и така ги слушнало снежното облаче.
-Не се карајте, сите сте многу убави- им рекло. Сега јас ќе почнам да врнам снег и сите ќе бидете уште поубави.
Почнало да врне снег и навистина шесте елки станале уште поубави.
Во тој миг заборавиле на нивната караница и заедно почнале да прават снешко.
За брзо време направиле голем снешко и весело играле со гранките околу него.
Пристигнале новогодишните празници . Децата од селото ги накитиле шесте елки а ноќта пристигнал и Дедо Мраз и под елките оставил многу подароци за децата.
 За облачето кое ги смирило елките оставил цела корпа вкусни јаболка затоа што сакал да му подари здрава храна за неговата добрина.
Облакот веднаш го видел подарокот и почнал да јаде од вкусните јаболка. Но тој не знаел како се јаде јаболко па така земал едно по едно, ги каснувал по еднаш и потоа ги фрлал.
Елките многу се зачудиле кога виделе дека наместо снег облачето сега фрла гризнати јаболка и се исплашиле дека ова е можеби некое чудно невреме. Бидејќи многу ги болело кога паѓале јаболката на нив тие сите заедно го замолиле облачето да престане да врне јаболка.
-Јас како може да врнам со јаболка? Јас врнам снег. Ме чуди што зборувате. Еве сега и не врнам ништо туку само си јадам јаболчиња-рекло облачето зачудено.
Кога сфатиле што се случило никој не се налутил. Сите елки гласно се насмеале и полека му објасниле за да научи како се јадат јаболчиња и каде се фрлаат отпадоците.
За тоа се пријателите, да си помгаат и да не се караат кога некој греши.


No comments:

Post a Comment