Tuesday, January 24, 2017

Сказна за авантурата до островот на самовилите


Автор Aндреа Долевска
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци


Еден ден како и сите други денови, јас посакав да одам на островот со самовилите. И навистина сонот ми се оствари еве вака.
Едно утро до мојот кревет најдов писмо.
Во писмото пишуваше дека треба да одам до островот на еднорозите кој се наоѓаше блиску до мојата куќа. Јас за среќа знаев каде е островот на еднорозите затоа што често го гледав од прозорецот кога беше сончево_______
Со кајчето на еден стар, добар дедо отидов таму и еднорозите ми дадоа писмо. Мало колку еден прст. Но во тоа писмо сите букви беа толку размачкани што морав да отидам во музеј и таму со помош на машина пишуваше да прочиатам што пишува. Во него пишуваше дека треба да стигнам до куќата која се наоѓа во ливада покриена со прелив од чоколадо . ___________Бидејќи јас немав слушнато за таква чудна ливада повторно се вратив кај еднорозите и ги замолив за помош. Тие веднаш се согласија да ми помогнат и со мене испратија еден од нив да ме води до куќата.
Во таа куќа живееја многу добри луѓе. Беа малку чудни, со црвени лица и без коса но многу насмеани. Ми дадоа да јадам, да пијам и се што ќе посакам. Таму преноќив една вечер во која ме дружеше девојчетo со кибритчињата и тоа ми кажа дека треба да одам до кајчето во реката. ___________
Во кајчето најдов писмо скриено во ковчег и свикано во чорапче. Во писмото пишуваше дека треба да одам на островот со пеперутките. Јас не знаев каде се наоѓа тој остров но за среќа во писмото пишуваше каде се наоѓа и отидов таму.За брзо време пловење со кајчето стигнав. ___________
Пеперутките ми дадоа многу необично шише со чудесна напивка и ми рекоа да се вратам во кајчето, да испловам до камениот мост  и таму да ја испијам напивката. ___________ Јас така и направив и се претворив во сирена а шишето се претвори во писмо.
Во писмото пишуваше дека треба да пливам под водата. Таму го сретнав октоподот со 12 пипци. ___________И тој ми даде шише со напиток и ми рече да се вратам на површината, да влезам во кајчето и да го испијам. ___________
Јас така и направив. Веднаш се претворив во девојче а шишето од напитокот се претвори во писмо. Во ова писмо пишуваше како да одам до островот на самовилите. Во тој миг ми се исполни желбата и веќе бев таму. ___________Зошто сакав да бидам таму ќе ви раскажам во мојата следна бајка.
 Вие би сакале да одите на островот на самовилите? Зошто? Што ќе правите таму?


No comments:

Post a Comment