Tuesday, January 24, 2017

Грдото Пајче оди на прошетка


 Автор Aндреа Долевска
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци


Во еден прекрасен, замрзнат замок си живеела Снежната Кралица. _________
Кралицата имала голем, убав двор покриен со мраз_____________
Во дворот имала посебна соба за животни. _________ Во таа соба имало и пајки. Најинтересно било едно мало, слатко пајче. Тоа пајче сите го нарекувале Грдото Пајче. _________Но нему му било многу здодевно затоа што другите пајки не сакале да си играат со него. Само Снежата Кралица понекогаш го земала на гости но во замокот било многу ладно.
Еден ден Грдото Пајче излегло само од собата и во дворот видело еден голем, многу голем аквариум. _________ Во аквариумот живеела Малата Сирена и тие се запознале. _________
Таа му кажала дека еден отвор од аквариумот водел до длабочините на океанот каде што имало подводно, весело царство на морскиот свет. _________
Но, Малата Сирена сакала да живее тука, кај Снежната Кралица бидејки е многу добра па така, кога ќе посакала, одела и во океанот и повторно се враќала. _________
Грдото Пајче и Малата Сирена  решиле да се прошетаат заедно до блиската шума. _________
Шетајќи низ шумата сретнале едно многу мало девојче кое се викало Палчица. _____________________ Долго разговарале и си играле и решиле да влезат во еден шарен, чоколаден дворец што се гледал  во далечината.
Кога стигнале пред вратата стоело Оловното Војниче и го замолиле да ги пушти внатре. _________ Тоа било многу љубезно и им дозволило да влезат во прекрасниот дворец_____________________ Дури и тоа заминало со нив бидејќки никогаш немало влезено во дворецот, освен што стоело да стражари пред портата.
Малата Сирена, Палчица, Грдото Пајче и Оловното војниче најпрвин влегле во кујната за замокот. _________ Таму виделе еден чајник, но тоа не бил обичен чајник туку магичен чајник. Палчица го протрила чајникот со рацете и наеднаш пред нив се појавил Јовче Будалчето кој бил долги години заробен во чудниот чајник. Не им раскажал како се нашол во чајникот но тој многу добро го познавал дворецот и им предложил да ги прошета.
Така сите заедно отишле во визбата на замокот. _____________________
Таму го нашле Девојчето со кибритчињата седнато на подот. Тоа неколку денови си играло само во визбата затоа што му било интересно да си игра во теминина а и немало со кој друг да си игра. Тоа се израдувало кога видело пријатели и заминало да си игра со нив.
Потоа сите заедно се качиле на таванот на замокот каде стоела царевата нова облека, но на сите им била голема. _________Царот не се налутил. Само ги гледал скриен во еден стар плакар за облека и се смеел колку биле смешни во големата облека. И тој не сакал да биде сам па по некое време излегол од плакарот, им се придружил и им ги покажал најубавите места во замокот. Дури и им дозволил да грицкаат од чоколадните ѕидови по малку.
Откако го разгледале дворецот слегле во дворот до фонтаната.  _________Тука два часа се договарале утре да одат во нова авантура но секој предлагал свое омилено место. Царот со ново руво предложил да одат во посета на дворецот на Снежната Кралица но другите не се радувале на идејата бидејќи  знаеле дека таму  ќе им биде многу ладно. Подобро било да ја земат и неа на прошетка некаде на друго место. Потоа сите предлагале нови места. Знаете ли вие кој каде предложил да одат? Јас можам само да погодувам.
Кога се договориле, си посакале добра ноќ и секој си заминал дома. Знаете ли каде тргнале другиот ден? Јас не знам навистина но знам дека им било многу, многу интересно.


No comments:

Post a Comment