Tuesday, January 24, 2017

Принцезата и неуредното кралство


 Автор Андреј Паревски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еден убав ден додека Снежната Кралица седеше до прозорецот, размислуваше како да го уреди кралството. Кога излезе во дворот  повторно виде многу расфрлани отпадоци како што се: сокчиња, пакетчиња, најлончиња, коњот беше излезен од шталата, магарето слободно ги јадеше зелените грачиња за украс и никој не водеше грижа за ништо, сите само уживаа како мрзливци.
Замавна Снежната Кралица два три пати со стапчето но ништо не се случи. Ни самата не знаеше што се случува.
Обично со магичното стапче можеше се да врати на свое место и луѓето да видат колку е убаво да биде чисто и уредно. Си мислеше дека така ќе се навикнат да внимаваат. Беше многу добра за да ги казнува.
Потоа се сети дека стапчето повеќе нема кристали кои прават чуда и размислуваше каде би можела да ги најде. По малку време се сети. Таа имаше слушнато дека такви кристали има на планината на еднорозите. Се спреми за летање, си облече топла бунда, шал, нараквици и капа. Ги спреми ирвасите и летна.
 По долго патување низ снегот здогледа еднa куќа. Прозорците и беа замаглени, вратата беше зелена и беше направена од дрва а оџакот скоро пред распаѓање.
Кога слета до куќата во задниот двор здогледа една ранета срна. Кралицата со нежен допир ја допре срната и ги затвори очите. Почна да плаче и со една чиста, бистра солза ја излекува срната а потоа ја зеде со себе. Сега Снежната Кралица имаше нов пријател за разговор и паметни совети. Додека патуваа се смееја, забавуваа и играа, се додека не стигнаа до една многу голема, висока планина.
Кога слета на неа таму имаше многу еднорози. Еден многу шарен еднорог со златен рог и даде писмо на Снежната Кралица.
-Ова не е  писмо туку мапа за наоѓање на кристалот- се зачуди Снежната Кралица.
Сега мораа да одат кај кристалниот еднорог но тој живееше во кристален дворец, многу далеку.
Само еден пат имаше до кристалниот дворец а тој пат одеше преку виножито, многу необично и целото замрзнато, како лизагалка. Виножитото се појавувало само еднаш во две години и за среќа тоа време било токму сега.
Снежната Кралица се лизна низ замрзнатото патче од виножито а по неа и срната и веднаш се најдоа во кристалниот дворец на кристалниот еднорог.  Кристалот се наоѓаше на врвот на фонтаната во средина на дворецот. Таа веднаш го забележа бидејќи блескаше повеќе од сонцето. Кристалниот еднорог имаше многу кристали и затоа им дозволи да го земат и ги испрати како пријател. По долго се вратија дома.
Кралицата застана на балкунот, замавна со своето стапче и се се врати на свое место. Коњот се врати во шталата, пакетчињата и сокчињата беа исфрлени во канти. Снежната Кралица кога погледна околу себе се најде во убавина.
-Сега смислив нов план без магии и сапчиња-рече и се насмевна
 Срната од тој ден стана втора кралица, советничка .
Таа имаше должност да ги советува луѓето да не фрлаат отпадоци низ царството и секој ден да први контрола за се да биде во ред.
Од тој ден никакви магии не беа потребни. Срната многу добро си ја вршеше работатата и сите ја слушаа бидејќи со добро ги советуваше и никого не навредуваше.


No comments:

Post a Comment