Thursday, January 26, 2017

Тајната на градот заклучен во мало кофчеџе


Автор Сања Переловска


Си била една осамена бабичка која многу сакала да раскажува приказни но немала на кој да му раскажува. Таа прва дознала за градот заклучен во кофчеџе и само таа можела да влезе во него. И штом еднаш влегла морала да живее таму најмалку по 25 денови, секој месец во годината. Сега ќе ви раскажам како било.
Еден ден додека бабичката шетала случајно го нашла тајното писмо во кое било напишано како се отвара кофчеџето за влез во некаков заклучен град. Таа  била љупобитна и решила да види кој живее во таков чуден град.
Во писмото пишувало дека најпрвин треба да го најде кофчеџето. Тоа се наоѓало на сто чекори на исток од местото на кое го нашла писмото.
Таа ги направила стоте чекори и навистина пред неа стоел мал кофчег скриен на гранката од едно дрво.
Потоа повторно прочитала во писмото. Таму пишувало дека сега треба да ја пропушти раката во дупката на дрвото и таму ќе го најде клучот од кофчегот. Клучот навистина бил таму. Го зела, го отклучила кофџегот и за миг се претворила во мала бабичка и се нашла во градот.

Најпрвин видела прекрасен замок до кој можело да се стигне по многу камени скалички. Околу замокот имало неколку куќи направени од камен. Чудно било што никаде немало жители.
Еден 23 март додека шетала сама низ паркот во осамениот град видела нешто чудесно. Тоа бил голем кактус што почнал да зборува кога ја видел бабата.
-Добар ден бабичке. Дали ги имаш запознаено моите другари?
-Не, никого не сум сретнала, овде нема никој. Би сакала да запознаам пријатели за да не бидам осамена. Тука нема на кого да му раскажувам приказни.
-А сакаш да ти раскажам зошто во овој град нема жители, што се случи одамна со нив? Таа е тајната за овој град. Ќе ти ја раскажам некокој друг ден- рекол кактусот.
Кактусот најпрвин ја запознал бабата со школката која криела необични бисери кои само ги менувале боите и биле многу убави. Школката живеела на неколку чекори од кактусот, во песочна куќичка до езерце. Бабата ја замолила школката да и покаже еден од нејзини бисери а школката со задоволство се пофалила.
Потоа кактусот ја запознал бабичката со каменот што зборува. Бабата веднаш му раскажала една приказна и била многу среќа зошто има кој да ја слуша.
Сакал да ја запознае и со каменот кој пее но тој во рани утра пеел а попладне ниту зборувал, ниту пеел, ниту се смеел.
Затоа бабата се запознала со дрвото што зборува а ја видела и веселата трева која само играла кога ќе запеел каменот што пеел. Следниот ден и нив им раскажала по една од своите омилени приказни.
По неколку дена кактусот одлучил дека е време да и ја раскаже на бабата тајната за изгубените жители на градот.
-Многу убаво пријателе Кактус. И јас сакам да слушам приказни и многу сум љубопитна да дознаам каде се луѓето од овој град.
Кактусот прво и го покажал поточето со матна вода.
-Зошто оваа вода е чудна по боја пријателе?- прашала баба.
-Немој да ја допираш никако бабичке- викнал кактусот. Таа вода е солена и лоша. Поради неа еден ден, пред многу, многу сите жители на овој град станале невидливи. Никој од нас не знае точно како било но сега е вака. Толку. Заврши мојата приказна.
Бабата не знаела како да помогне за да ги врати жителите на градот  но од тој ден таа повеќе не била осамена. На сите нови пријатели во паркот им раскажувала свои приказни и сите биле среќни.
Во слободното време сите заедно барале решение како да ги вратат жителите од градот.
-Ајде низ целиот град да ставиме боцки од мене- предложил кактусот. Мислам дека моите боцки се лековити па кога некој од невидливите житли ќе стапне на боцка тој можеби ќе се претвори во видлив.
Но никој не се согласил со неговата идеја затоа што сите се плашеле дека жителите можат да се повредат и тоа може болно да заврши.
Каменот што пее предложил да ја соберат сета песок од плажата на езерцето во близина, да ја исфрлаат над градот и така можеби ќе се случи чудо.
-Како така, зар и мојата куќичка да ја срушиме? Јас живеам во песокта. Не, јас имам подобра идеја- рекла школката. Јас знам едно друго лековито поточе. Мене ми помогна многу пати. Еднаш моите бисрчиња се разболеа и не можеа да ги менувват боите. Случајно влегоа во потчето и оздравеа. Потоа тие наполнаа многу шишенца за да не ни затребаат повторно бидејќи поточето често не се гледа туку тече долу под земјата. Јас сеуште ги чувам тие шишенца за секој случај и ќе ви ги дадам.Можеби ќе помогнат некако.
Сите се согласиле со идејата на школката и ја пуштиле бабата да ги истури шишенцата во матното поточе. Во тој миг целата матна вода се впила во песокта и исчезнала а на нејзино место останала чиста вода.
Невидливите жители на градот во кофчегот постојано си се шетале и гледале се, ако нив никој не ги гледал. Така тие виделе што се случило со водата и пробале да си го измијат лицето. Во тој миг сите станале видливи. Бабичката која седела до поточето била многу изненадена и среќна. Нивниот план успеал.

 Сите жители се заблагодариле а најблагодарни и биле на школката која била несебична и ја дала водата која ја чувала за лек за своите бисерчиња. Дури и кралот и кралицата од замокот до кој се стигало преку патче од скалички биле многу благодарни.
Од тој ден бабата ја прогласиле за најдобра раскажувачка . Таа секој ден во точно време, во убавиот двор на замокот на кралот и кралицата им раскажувала приказни на сите деца од градот во кофчегот и никогаш не била осамена.
Бабичката после таа случка можела да излегува од градот во кофчегот и да си оди дома во својот град кога сака  а кога сака да се враќа бидејки направила добро дело и магијата на кофчегот се изгубила. Така сите биле среќни.

Затоа треба да бидеме стрпливи и да бараме решенија, да не се отажуваме. Може да ни помогне некој кој не сме мислеле дека може. 

No comments:

Post a Comment