Tuesday, January 24, 2017

Сказна за изгубената пушка

Автор Филип Велевски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еден ден на Оловното Војниче некој му ја зеде неговата омилена пушка што пука со бомбони.
Тоа почна да ја бара но не можеше да ја најде________а помош бараше од сите другари.
Прво отиде кај својата пријателка Сирена и ја замоли да ја побара низ морето но за жал пушката не беше таму________Сирената бараше под секоја школка и под секое камче, дури и во еден потонат брод но од пушката немаше ни трага.

Потоа отиде кај реката да го праша Грдото Пајче дали ја видело неговата пушка што пука со бомбони, но и тоа не знаеше каде е. _______Го пребара заедно секое камче околу реката, ја прашаа секоја риба и секое ракче но ништо.
Тогаш Оловното Војниче случајно виде неколку траги од бомбони во земјата и тие траги водеа до една фарма.
Така стигна до фармата на Јовче Будалчето и го замоли да ја побара пушката низ фармата. ________Цела фарма ја пребараа заедно, дури и под секоја кокошка но најдоа само две три јајца. На несакање скршија едно јајце и во него имаше бомбони па така Оловното Војниче сфати дека бомбоните од трагата не се од неговата пушка и замина да си ја бара својата пушка на друго место, дури и малку си поплака по неа.
Потоа отиде кај Девојчето со кибритчињата и се му раскажа. ________ За среќа двојчето случајно ја имало видено во замокот на царот, оставена до вратата________ но царот за да ја даде побара да му подарат нова облека, целата од чоколадо за да биде видлива од далеку.
Оловното Војниче одма отиде во слаткарницата________ и ги замоли слаткарите да замесат нова, чудна облека за царот кој многу сака нови облеки.

Следниот ден облеката беше готова. Оловното Војниче му ја однесе на царот.
 Тој ја облече и кога излезе надвор облеката му се стопи од сонцето. Тој за чудно не се налути туку се смееше а петличињата си ги изеде бидејки беа од лешници. Царот реши да не бара повеќе толку нови, чудни облеки но и си го одржа зборот и му ја даде пушката на Оловното Војниче. ________
Уморно но задоволно војничето се врати дома и беше многу среќно.________
Вечерта ги покани сите деца од градот. Ја наполна пушката со бомбончиња и пукна кон небото два три пати. Тогаш на земјата почнаа да врнат шеќерчиња а децата се радуваа и скокаа од среќа цела ноќ до утрото.
  На забавата беа поканети и Сирената и Јовче Будалчето и девојчето со кибритчињата заедно со слаткарите кои помогнаа. Мене тие ми ја раскажаа оваа вистинска приказна и сега јас ви ја раскажувам како да бев таму и да видов се, за да ни биде интересно.


No comments:

Post a Comment