Wednesday, January 25, 2017

Во лов на скриеното богатство


Автор Андреј Паревски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еден ден отидов во библиотеката да прочитам нова книга. Таму најдов една многу стара и искината книга со позлатени корици. Во неа пишуваше за скриено богатство. Мапата која може да ме одведе до богатството ја имал само некој крал во пустината. Така пишуваше во книгата.
Затоа јас се спакував и тргнав на пат уште следното утро.
 Само еден авион патуваше во таа насока но тој авион немаше во план да застане во пустината. Немав избор и тргнав со него.
Додека патував од прозорецот видов едно кралство во пустината и знаев дека тука треба да слетам со падобран. Така и направив но кога слетав на земјата забележав дека дворецот го нема, само ми се причинило дека го гледам. Потоа одлучив да се вратам назад илјада чекори и по долго одење стигнав до кралството.
Влегов во дворецот и се сретнав со кралот. Додека шетавме во дворот полн со зеленило му раскажав за мојата случка и го замолив да ми ја даде мапата. Тој  од мене за возврат бараше да му помогнам да ја излекува керка му и јас се согласив. Ми рече дека треба да одам до една пештера и од таму да го земам магичното цвеќе кое лекува но не знаеше да ми каже каде се наоѓа таа пештера.
Додека одев низ пустината видов една планина и во неа еден мал отвор па си мислев дека може да е таа пештерата што ја барам.
 Влегов во пештерата, видов дека не сум во право и се натажив но забележав мапа нацртана на огромен камен и отидов до неа.
 За несреќа не разбирав ништо затоа што мапата беше нацртана само со слики и не ги разбирав. Ја прецртав на парче хартија и излегов надвор.
Само што излегов надвор сфатив дека зад оваа планина се крие уште една планина и пештерата е во неа.
 По долго одење стигнав до пештерата.
 Кога влегов во неа прво што забележав беше едно светликаво цвеќе. Го зедов цвеќето со нежен допир и многу се плашев да не го повредам. Верував дека тоа е магичното цвеќе. Го ставив во мојот ранец и потоа со брзање му го донесов на царот и тој ми ја даде мапата со скриено богатство.
На неа пишуваше дека треба да се се качам на еден брод. Бродот се наоѓал на едно пристаниште во близина. Лесно го најдов и со него пловев можеби два часа, ни самиот не сум сигурен колку. Така стигнав во магичен град каде требаше да најдам портал за премин во друг свет.
Зошто велам магичен град? Затоа што во него живееја точно двеста четириесет и пет магионичари. Многу интересно. Сите беа добри.
Еден од нив ми помогна да го најдам порталот во паркот кај играчките.
 Порталот беше направен од камен и вода. Замислете водата стоеше право нагоре и не паѓаше. Мене тоа ми беше многу чудно.
Влегов во него со мижење и кога ги отворив очите се најдов на еден чуден остров со палми и заспав уморен од чудното патување.
Кога се разбудив до мене стоеше папагал со пердуви во сите бои. Папагалот ми кажа дека во шумата има голем храм со две врати и петнаесет прозорци од кои не се влегува нити се излегува.
Патував, патував и стигнав пред храмот и потоа беше лесно бидејќи знаев да читам на повеќе јазици..
 На едната врата пишуваше каде е скриеното богатство. Си запишав каде е и слегов во визбата за да го побарам. За среќа лесно го најдов, оставено во цел ковчег во една тајна соба која се отклучи кога ја допрев со мојата дланка.
Го зедов богатството и за миг се најдов назад во библиотеката. Ни сам не знам како се случи тоа чудо.
 Во богатството  освен златници најдов и неколку интересни книги на неразбирлив јазик и нив решив да си ги задржам малку за да се обидам да ги прочитам и да си доживеам уште многу вакви авантури.
Останатото богатство решив да го однесам во музеј затоа што беше многу необично и не беше мое. Во музеј секој ќе може да го види а научниците ќе откријат кој го оставил и зошто.
Така и направив и бев многу задоволен од себе и оваа чудна авантура.
Ти можеш да ја нацташ мапата од мојата приказна. Земи хартија и боички и почни. Можеби ќе биде инетересно да видиме како изгледаше.


No comments:

Post a Comment