Tuesday, January 24, 2017

Лижалчињата на Снежната Кралица


Aвтор Леонид Јанковски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци
  
Во една далечна земја зад осум мориња и десет планини си живееше една кралица.Таа кралица ја викаа Снежната Кралица. На косата имаше сина круна направена од лижалчиња а на себе секогаш носеше магичен фустан од слатка шеќерна волна. Понекогаш себе си се нарекуваше Шеќерка, затоа што многу ги сакаше своите рачно изработени лижалчиња и фустани во многу бои. Живееше во голем замок украсен со шарени бомбони и чоколадни пуканки.
Една ноќ на нејзината врата чукна некој. Снежната Кралица очекуваше некој кој требало да дојде по 2 часа откако и се јавил па таа мислеше дека сега е рано и се чудеше
 -Кој може да биде сега?
Најавениот гостин и се јавил во 12:30 а сега беше 2:30.
Снежната Кралица израчуна и се сети дека тоа може да биде  гостинот што го очекува. Дали е во право се прашувам и јас.
            

                                         
На вратата стоеше Дедо Мраз, распеан и весел како и секогаш.
-Повели влези, ако си гладен ќе ти зготвам ручек- му рече кралицата на Дедо Мраз.
Дедо Мраз навистина беше уморен и ја замоли да му даде и една соба за да може да се одмори барем малку.
За тоа време кралицата спреми вкусен ручек и здрава салата. Масата беше свечено украсена како за пречекување на посебен гостин.
Дедо Мраз се одмори половина час а потоа се придружи на свечениот ручек. За десерт изеде дури три шарени лижалчиња во форма на бастунчиња.
-Мх, Мх колку се вкусни-повторуваше постојано.

Пред заминување Снежната Кралица на Дедо Мраз му даде 72 многу големи, вкусни лижалчиња за децата од селото и го замоли да ги спакува во 9 торбички за да не му тежат во една.
Што направи Дедо Мраз и по колку лижалчиња стави во секоја од торбите баш би сакал да знам.

Кога се спреми и се заблагодари на кралицата и тргна на пат. По некое време стигна во селото Среќниче. Таму имаше 23 куќи. Ги посети и во секоја куќа подари по 3 големи лижалчиња. Потоа уште 3 лижалчиња подари во куќата на девојчето што продавало кибритчиња.
 Дали ми останаа лижалчиња за да го продолжам патот?-пресметуваше Дедо Мраз.
Кога заврши со дарувањето тргна за дома. Веќе беше доцна. Месечината светкаше на небото и му го осветлуваше патот. Снегот светкаше како бели дијаманти. Додека одеше се прашуваше:
Ако во сите куќи имаше по 5 луѓе тогаш колку ќе бидеме сите заедно ако се собереме на забава но да ја поканиме и Снежната Кралица да не биде сама? Нели е тоа убава идеја? Таа многу ги сака дечињата и често им испраќа слатки подароци.

Додека размислуваше, реши повторно да отиде до кај Снежната Кралица и да и ја раскажа својата идеја.
Што се случи потоа не знаеме...Што мислиш ти?


No comments:

Post a Comment