Tuesday, January 24, 2017

Сказна за принцезата со мангото


Автор Леонид Јанковски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци


Еднаш во една далечна земја си живееjа тринаесет принцези. Сeкоја од нив поубава од поубава но најмалата беше најубава а имаше само 19 години.
Таа скоро секогаш носеше виолетов фустан со сини светкави кристали кои се гледаа од многу далеку. Носеше магични чевлички кои тропкаат како стакленца а косата и беше сплетена во плетенка и завиткана во пунџа. Се викаше Аријана. Но знаете што? Сите принцези и љубомореа на нејзината убавина.
Една ноќ дванаесетте злобни принцези се договорија да ја протераат Аријана од нивната куќа но без да знае никој.Така и сторија а потоа брзо си легнаа да спијат за да не се посомнева нивниот татко, кралот.
Таа ноќ Аријана немаше што да јаде, не знаеше што да прави,каде да оди. По долго одење низ шумата ја стави  раката во џебот и  почувствува нешто. Го извади нештото и во своите раце виде авокадо, манго и ананас. Тие во истиот миг пораснаа во вистинска големина и таа многу се израдува. Ја стави раката и во другиот џеб од џемперот и многу се изненади кога во него си најде кибритчина, шеќер и чоколадо. Како ли се најдоа тука?-се прашуваше таа додека одеше понатаму низ темнината.
Потоа во една џунгла собра неколку суви гранки и сакаше да ги запали за да се стопли, но размисли и си рече -Не, него правам тоа. Не е добро да ја загадувам природата.
 Ги зеде своите овошја и ги изеде. Беа многу слатки. Само мангото беше многу големо и таа не можеше да го изеде цело па остатокот си го стави во џеб. Бидејќи беше многу темно принцезата си палеше кибритчиња за да си го осветли патот.
На крајот на тесното патче виде кула висока тринаесет спрата. Понатаму немаше каде да се оди и затоа одлучи да влезе во кулата и да се качи барем на првиот спрат. Таму имааше седумдесет и седум душеци. Се качи најгоре за да се одмори малку и да размилси што да прави но заспа, тажна и уморна.
Додека спиеше остатокот од мангото падна на подот и тоа се слушна дури на петтиот спрат. Едно девојче од петтиот спрат слезе долу за да види што се случува во осамената кула и ја виде Аријана како спие на седумдесет и седумте сини душеци. Девојчето изгледаше како да излегло од  јајце. Имаше шолти очи како сончеви зраци, имаше долга, бела, како снежна нежна коса и едни раце кои само правеа добрини. Таа го виде мангото, го зеде, го разгледа и го стави помеѓу двата први душеци. Излезе од станот и се врати во својатата соба среќно дека следното утро ќе си игра со девојчето.
Утрото кога Аријана се разбуди се чуствуваше необично. Низ целата соба мирисаше на манго а во нејзиниот џеб мангото го немаше. Кога погледна надолу виде дека мангото пораснало во вистинско дрво високо колку 76 душеци. Не можеше да верува  на своите очи. Цела среќа што се случило ова бидејки скалата за слегување никаде ја немало.  Пополека се спушташе низ гранките и на крајот стигна до подот.
Ги облече своите светкави чевлички  и одлучи да се врати  во својот дом да види што се случува.  Таму секако дванаесетте сестри не ја пуштија внатре. Аријана почна да плаче. По некое време нешто почна да се движи низ нејзиниот џеб. Замислете чоколадото и шеќерот потопени со солзи се претворија во чоколадна топка која сака да лета. Аријана ја ослободи  топката  од нејзиниот џеб и таа за миг се најде на перницата од кралот . Кралот не ја приметуваше но слушаше некој глас кој раскажува за неговата ќерка. Тој се заинтересира и ја слушна целата приказна на топката. Кога сфати што се случило со неговата ќерка царот многу лут викна на цел глас и целиот дворец се затресе од страв како да има земјотрес. Дванаесетте принцези слушнаа што се случило, се исплашија и почнаа да бегаат низ скалите. Додека бегаа во бризината една од нив се сопна и почна да паѓа. Аријана во тој миг повторно ја фрли летечката чоколадна топка и принцезата беше спасена. Но од ударот на чоколадната топка се направи чудна магија и сите принцези станаа добри и благодарни.
 Од тој ден Аријана си остана со татко и во топли прегратки а дванаесетте принцези секогаш насмеани и добри се грижеа за неа и за замокот. Аријана уште еднаш отиде до осамената кула за да провери дали некој случајно живее таму и многу се израдува кога го запозна девојчето од петтиот кат. Тоа многу се израдува кога виде другарка во осамената кула а уште повеќе се израдува кога Аријана го покани да живее со неа во замокот за да не биде сама. И така сите заедно среќни си живееја. Од тој ден станаа четиринаесет добри, убави принцези.
На лагата кратки и се ноѕете затоа никогаш не лажете и никогаш немојте да бидете сурови кон добрите.


No comments:

Post a Comment