Tuesday, January 24, 2017

Џинот и џуџето


 Автор Андреа Долевска
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци


Еден ден џуџето Лутко од селото Џуџино, тргнало да оди на работа во рудникот.
Одело низ шумата и здогледало еден голем човек. Tоа бил џинот Џони.
 Џуџето застанало,  го гледало зачудено и му рекло
Од која планета си дојден? Јас немам видено толкав човек! Што јадеш? Сакам и јас да пораснам колку тебе.

Џинот го зел џуџето и го качил на рамото за да види како е да се биде голем. Тоа било пресреќно затоа што можело да види се.
Така си шетале цел ден, се забавувале и решиле да одат во куќата на џуџето, но џинот не можел да влезе внатре бидејќи куќата била многу мала.

Потоа џинот предложил да одат кај него.
Кога стигнале таму џуџето било многу изненадено затоа што прв пат во животот гледало толкава куќа.
Посакало да се одмори на креветот но креветот бил многу висок и не можело да се качи. Затоа џинот се сетил и од стари книги му направил скали за качување.

Потоа седнале да ручаат. Џуџето наместо на џиновскиот стол седело горе на масата, до чинијата, седнато на книга.
 Бидејќи лажиците на џинот биле џинивски тоа јадело со лажичка за сирупче. Џинот за среќа го чувал од кога бил настинат.
Таму убаво си седеле,се забавувале, а потоа џинот го зел џуџето во раце и го однел на работа, во рудникот.
Така тие си се спријателиле и си останале добри другари.

ВО ЖИВОТОТ СИТЕ ЛУЃЕ ТРЕБА ДА СЕ САКААТ, големи и мали,сиромашни или богати, слични или различни


No comments:

Post a Comment