Tuesday, January 24, 2017

ДЕДО МРАЗ И БАБА МРАЗИЦА

Автор Филип Велевски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Неколку дена пред новогодишната ноќ Дедо Мраз ги подготвуваше новогодишните подароци за децата.
Дедо Mраз напорно работеше цел ден и вечерта кога си отиде дома беше многу изморен. Утрото кога се разбуди многу го болеше грлото и имаше висока температура.
Кога виде Баба Мразица дека Дедо Мраз е настинат му свари чај, направи вкусна   топла супа и му даде  да јадe за да оздрави побрзо.
Дедо Мраз касна од вкусната супа, се напи топол чај со лимон и мед и стана да оди во својата работилница, но Баба Мразица не му дозволи  да оди во работилница затоа што не беше оздравеен и реши таа да оди и да го замени.
Кога стигна во работилницата почна да прави играчки но работата не и одеше баш најдобро,а таа требаше да направи уште сто новогодишни подароци.
Баба Мразица размислуваше што да направи за да успее до вечерта да бидат готови сите сто подароци. Во тој момент во ќошот зад вратата виде едно старо, испрашено магично стапче што исполнува желби. Така таа си помисли бидејќи имала читано приказни за волшебни стапчиња. Го зеде стапчеро, си замисли желба и во еден момент сите подароци беа готови. Баба Мразица многу се израдува.
Потоа брзо го зеде волшебното стапче и си замина дома да му ја каже радоста на Дедо Мраз. Кога стигна дома Дедо Мраз сеуште лежеше во својот топол кревет и таа со волшебното стапче направи  Дедо Мраз да оздрави. Во истиот миг тој оздраве и многу среќен ги зеде новогодишните подароци, се качи на својата санка со ирваси и тргна да ги подарува поклоните на децата. Со себе го носеше и волшебното стапче.
Откако ја заврши работата, уморен седна да се одмори малку на едни скалички помеѓу две згради. Во тој миг до него дојде сиромашко детенце, босо и гладно, во парталави облеки.
-Ве молам Дедо Мраз, дали можете да ме земете со Вас во вашата куќа? Јас многу сум гладно и многу ми студи. Ке и помагам на Баба Мразица за средување на куќата а вас за правење подароци-го молеше сиромашкото дете
-Како се викаш?-праша Дедо Мраз
-Јас сум Дарко.
Каде се твоите родители? Каде живееш?
Моите родители се на печалба а јас сум сам со мојата бабичка но и таа нема што да јаде бидејки се што има ми дава само мене. Немаме  ниту нова облека, ниту дрва за оган.
Дедо Мраз на Дарко му го подари најубавиот подарок што го имаше со себе.
Знаете ли што е тоа?
Волшебното стапче кое исполнува желби но само на добри и скромни луѓе.
Потоа Дедо Мраз си замина дома и целото доживување и го раскажа на Баба Мразица. Таа многу го пофали за хуманоста и среќни слатко си заспаа.


No comments:

Post a Comment