Tuesday, January 24, 2017

Чудното патување на Грдото Пајче и неговите нови пријатели


Автор Леонид Јанковски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еден пролетен ден една пајка си роди три пајчиња.
Едното беше бело со црни точки како лебед.

Другото беше кафеаво со бели шари.

Третото беше многу чудно, најгрдо од сите и затоа го викаа Грдото Пајче.
По еден месец пајчето се напи од една загадена вода_______ и  таа вода му оневозможи да расте.
Грдото Пајче остана мало и никогаш не порасна. Затоа немаше ниту еден пријател иако беше многу добро и забавно. Дури и неговите сестри не сакаа да си играат со него.

По неколку години кога неговите сестри пораснаа, тоа се осеќаше неприметно и затоа, без да знае да плива добро, замина низ една река до куќата_________ во која живее едно дете со својата мајка.
Детето во тој миг поминуваше до реката, го зеде пајчето, си го донесе дома и го стави кај своите играчки кои зборуваат.
Една од нив немаше нога, беше оловно војниче а другата играчка беше облечена во розево и имаше фустан како балерина.

По некое време Оловното Војниче падна од прозорецот а Грдото Пајче скокна по него за да му помогне. Двајцата паднаа во една брза река_______ која ги однесе до една снежна планина__________.

На врвот на таа планина се наоѓаше замок. Внатре, длабоко во замокот, на еден кружен,чист дијамaнтски престол___________ седеше една осамена кралица облечена во бел фустан.
Тој бел фустан беше толку долг што кога ќе прекриеше некоја површина со него, како да има вистински бел снег. Кога ги виде таа многу се израдува бидејќи одамна посакуваше некој да и дојде на гости. Таму останаа неколку дена а кралицата беше многу гостопримлива. Потоа и таа одлучи да се спакува и да тргне на патување со нив за да и биде интересно.

Оловното Војниче со Грдото Пајче и Снежната Кралица заминаа на долг пат иако не знаеја точно каде сакаат да стигнат. Тој пат водеше до една сиромашка куќа._______
Внатре во куќата живееше една постара госпоѓа која не можеше да има дете а сакаше.
Да ви раскажам прво за госпоѓата. Еден ден и се случило чудо. Еден сиромав човек шетал низ селото и барал корка леб но никој не му давал се додека не стигнал до куќата на госпоѓата. Таа имала направено солена торта и едно парче му подарила на сиромавиот човек. Но, тој за чудо не бил сиромав човек туку бил Господ кој на тие што ќе му дадат добрина им исполнувал желба.
Тогаш госпоѓицата му ја кажала оваа желба :
-Јас би сакала да имам дете, какво и да е, не е важно дали е мало или големо, дали е женско или машко, само да е дете.
Тогаш тој и дал семе и и кажал да го посади и да чека да излезе дете.
Госпоѓицата со задоволство го зела семето и на Господ му се обратила со заблагодарување додека му се поклонувала.
Кога тој заминал таа веднаш го посадила цевеќето, го залевала со вода и по една година од него излегло мало девојче, високо како палецот на госпоѓицата па ја нарекла Палчица. Сега си живеат во куќата каде стигнаа пријателите. Сега да продолжиме со нив.
Оловното Војниче, Снежната Кралица и Грдото Пајче ја замолија госпоѓицата да ја земат Палчица со нив во нови авантури бидејќи тука нема со кого да си игра. Мајката дозволи да оди со нив но пак од Господ побара ново семе за дете.
Така, четворицата заминаа на пат. Тој пат водеше до една новогодишна елка___________До елката стоеше девојче кое во рацете држеше кибритчиња. Ја прашаа дали има мајка и таа одговори
-Мајка ми и татко ми се разведоа и мене ме оставија.
Потоа ја прашаа дали сака да оди со нив. Девојчето со кибритчињата ги замоли да си земе една играчка за друштво и сите се согласија. Девојчето си ја зеде Малата Сирена. Ја стави во една торбичка и зеде малку кибритчиња за секој случај. 

Потоа продолжија по патот и стигнаа до една царска палата___________. Таму на вратата ги пречека зетот на царот, Јовче Будалчето. Тој беше весело, распеано и разиграно момче. Ги однесе во визбата и таму имаше многу овошје и зеленчук. Тие  сфатија дека тој се храни со витамини. Потоа ги однесе на гости во собата кај неговата жена да се запознаат и да пијат кафе заедно. Вечерта излегоа на балкунот за да го гледаат небото со ѕвезди__________и таму го сретнаа Царот со ново руво. Тој секоја вечер дотеран во нова облека стоел на балкунот за сите да го гледаат и да се чудат колку е модерен.
Сите заедно прославуваа цела ноќ. Принцезата им приреди голем бал. Само царот исчезнуваше повеќе пати во текот на забавата  и се враќаше во салата но сите знаеја дека заминува да си проба нова облека за радост и никој не му се лутеше.
Од таа ноќ никој повеќе не беше осамен ниту тажен.
Царот со ново руво ги замоли да останат во замокот и секогаш да приредуваат најубави забави за целото население.
Девојчето со кибритчињата станало учителка за балет и ги учело сите сите девојки најубаво да играат.
Кралицата со бел фустан секое попладне ги спремала украсите за свечената забава и се грижела за малите деца.
Оловното војниче било задолжено да прави огномет точно во 12 часот.
Јовче Будалчето и неговата жена шиеле свечена облека за сите гости, богати и сиромашни но царот морал прв да ги поноси бидејќи имал мерак да пробува нова облека.
Грдото Пајче и Палчица секоја вечер прикажувале по една смешна претстава и станале многу славни личности и сите многу ги сакале.
Ја поканиле и мајката на Девојчето со кибритчињата и таа уште следниот ден пристигнала тука со новото бебенце. Сите се радувале со него и му дале име Малчица.
Во нашата приказна сите биле среќни до крајот на животот.


No comments:

Post a Comment