Tuesday, January 24, 2017

ВОЛШЕБНАТА ГИТАРА


Автор Андреа Долевска
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еднаш многу одамна си живеело едно детенце по име Иван.
Иван еден ден решил , да оди на лов. Се спремил и заминал во шумата.
Тој имал планирано денес да лови срни но додека ги барал низ шумата на ум му паднало дека тоа не е добра идеја, срните се греота а и сите други животните па затоа решил да ужива во природата.
Додека си берел дрва за да си запали оган, забележал едно многу високо дрво во кое имало огромна празнина. Ја пуштил својата рака во празнината и фатил нешто чудно. Кога го извлекол видел дека тое е многу убава гитара.
-Леле колку сум среќен, секогаш сакав гитара-рекол Иван
 Ја зел гитарата, си запалил оган и почнал да свири. Додека свирел почнало нешто чудно да се случува. Од гитарата почнале да паѓаат златници.  Ги собрал златниците и малку си заспал во природата.
Следниот  ден и бил роденден на неговата најдобра другарка Ана.
 Иван отишол во чаршијата да и купи подарок. Детенцето размислувало што да и подари на најдобрата другарка. Се сетило дека Ана многу сака да чита книги и затоа и ја купил најинтересната и најубава, најголема, книга со бајки.
Вечерта отишло детенцето на роденден и и ја дало книгата на Ана. Ана била пресреќна што има такво добро другарче.
 Кога сите гости си заминале Иван и раскажал на Ана за гитарата и пак почнал да свири. Чудото се повторило и овој пат.
 Од тој ден гитарата почнала да им ги исполнува сите желби. Ана и Иван биле пресреќни.
Во понеделникот посакале гитарата да им даде многу храна за да им ја подалат на сиромасите во градот за цела недела.
Во вторникот посакале нова облека за сите пријатели.
Секоја среда од гитарата барале куклена претстава без пари за сите деца.
Во четврток барале дрва за секој дом.
Во петок играчки за малите деца.
Во сабота и недела прошетка низ Зоолошката градина и блискиот парк
И така повторно и повторно.
 Гитарата им останала како еден многу убав спомен од прекрасен ден поминат во природата а таа никогаш не престанала да исполнува желби затоа што децата биле многу добри и со нејзина помош им помагале на сите жители од градот.
Но еден ден на несакање гитарата паднала и една од жиците се скинала на три дела. Што се случило понатаму и ние не знаеме. Можеби...


No comments:

Post a Comment