Tuesday, January 24, 2017

Дедо Мраз, скромното детенце и двата необични снешковци


Автор Aндреј Паревски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци


Во една далечна земја си живеел Дедо Мраз со неговите два снешковци. Ја имале најголемата фабрика за играчки.
 Снешковците со чудна моќ. За една секунда можеле да направат играчки и чоколади колку сите џуџиња заедно.
 Оваа година точно пред празниците стигнало писмо кое го разнежнило срцето на Дедо Мраз. Во тоа писмо пишувало:

„Дедо Мраз, прв пат ти пишувам писмо. Не сакам подароци, само едно сакам. Сакам да бидам среќен кога ќе те видам да дојдеш на мојата врата да те запознаам.„

Ова писменце веднаш ја стоплило душата на Дедо Мраз бидејќи до сега сите други деца за да бидат среќни од него барале различни подароци на кои ќе им се радуваат а ова дететнце за да биде среќно сакало само да го запознае Дедо Мраз.

Така дошло времето кога Дедо Мраз требало да летне со санката и да посети сите дечиња за да ги израдува со подароците. Ги спремил еленчињата и заминал на пат.

Секаде по ред низ светот оставил подароци под елките на децата и внимавал да не згреши, секому да му остави тоа што си посакал.

 На крајот стигнал и до куќата на дететнцето кое му ја разнежнило душата со убавите зборови.
Најпрвин на детето без да знае му подарил многу необичен подарок.
Во неговиот двор ги оставил своите два убави снешковци кои не се топат ниту во лето. Но тие не биле обични снешковци. 
Се сеќавате? 
Тие снешковци имале чудна моќ да изработуваат играчки и чоколади колку ти душа сака.
 Потоа задоволен со своето добро дело затропал на вратата а детето радосно со солзи од среќа во очите му се фрлило во прегратките на Дедо Мраз.
 Таа вечер Дедо Мраз останал на гости во домот на скромното детенце и до утрото во прегратка му раскажувал најубави приказни како оваа.

Кога си скромен сите желби ти се исполнуваат.


No comments:

Post a Comment