Tuesday, January 24, 2017

Неумните снешковци


Автор Андреј Паревски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еден ден Дедо Мраз и на своите снешковците им припреми убави подароци но најпрвин требаше да се врати на Северниот Пол за да им ги однесе. Тоа не му беше проблем. Тој и рече на својата елка „Елко елко однеси ме на Северен Пол„ и елката веднаш го однесе таму.
Само што стигна таму од небото одеднаш почнаа да врнат јаболка.
Што е ова?-се чудеше Дедо Мраз.
Јаболка наместо дожд и снег? Ова не сум го видел до сега.

 Истражуваше малку лево десно и откри дека нив ги фрла оџакот Гого бидејќи вчера се скарал со двата снешковци до работилницата.
-Зошто се скаравте?-праша Дедо Мраз
-Ми фрлија смрден чорап-одговори оџакот Гого многу намуртено.

Потоа Дедо Мраз ги замоли снешковците да му се извинат на оџакот и така таа караница заврши. Бидејќи се стемни додека се решаваше овој проблем Дедо Мраз не успеа да им ги подари подароците туку си легна да спие задоволен што ги смири.

Следното утро додека Дедо Мраз појадуваше снешовците и оџакот повторно многу се скараа. Оџакот се пожали дека овој пат снешковците недругарски му фрлaлале топки снег за да не може да чади. Тој пак за да им врати им се заканувал дека ќе ги стопи со топлина. И така продолжиле со караница цел ден.
На Дедо Мраз му здодеало да ги смирува по цел ден и одлучил да не им ги дава подароците се додека не се смират.
-Јас ви сум многу налутен за ова недругарско однесување- име рече.
 Оџакот Гого прв се загрижил каква ќе биде оваа нова Година без подароци и со изнервиран Дедо Мраз.
Снешковците право се инаетеле но размислиле и се согласиле со него и решиле да се смират.

-Навистина Дедо Мраз е многу добар и многу пати не замоли да не се караме а ние повторно само се караме за ништо наместо да се дружиме. Време е да престанеме и да се смириме.

Колку време останале смирени не знаеме но знаеме дека среќно си ја поминале новата година сите заедно, распеани и разиграни на чело со Дедо Мраз и подароците за среќна Нова.


No comments:

Post a Comment