Tuesday, January 24, 2017

Тајната на парталавото девојче


Aвтор Андреј Паревски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еден убав сончев ден излегов во мојот двор. Решив да играм фудбал но за бргу време ми стана здодевно.
Потоа решив да се прошетам до блиската шума. Додека одев си размислував дали е можно да се спријателам со некое животинче и секој ден да си играм со него. По кратко време стигнав до зелената шума и забележав траги од човек. Многу се израдував бидејќи си помислив дека тоа може да биде некое дете. Но нешто шушкаше цело време и се приближуваше се поблиску и поблиску. Се исплашив и си помислив дека може да биде диво животно па стоев во место. По кратко време открив дека тоа не е ниту животно ниту мое другарче туку едно парталаво девојче. Таа со тивок глас ме праша како се викам и така се запознавме. Ми кажа дека никогаш немала свој пријател бидејќи сите бегале од неа кога ќе ја виделе парталава. Ми кажа дека живее сама во планината. Мене ништо не ми беше јасно. Само девојче живее во планина. Многу ми беше жал.
Од тој ден секој ден ја посетував, и носев храна и чиста облека.
Но еден дена таа многу се разболе. Ме замоли да и помогнам и го сторив тоа но таа секој ден стануваше се поболна и поболна.
 Едно утро ми кажа дека за оваа болест постоел само еден лек но тој лек се наоѓал на планината Пелистер. Тоа била некоја многу волшебна трева. Но постоеше еден голем проблем. Јас не знаев како да отидам до Пелистер сам. Таа ми кажа дека за да стигнам до таму треба по патот да преспијам точно четири ноќи. Толку бил долг тој пат.
 Си ги зедов потребите работи и тргнав.
Првата ноќ беше многу ладна. Јас си запалив оган и заспав до него.
Втората ноќ беше многу жешко а третата и четвртата ноќ врнеше силен дожд. Така навистина стигнав до планината Пелистер но таму никако не знаев да ја најдам волшебната трева. За среќа сретнав еден мудар старец и тој ми кажа дека таа трева расте само на врвот на планината.
 По долго качување стигнав до врвот и успеав да ја најдам  скриена во една пештера. Светкаше необично и освен неа ништо друго не растеше во тоа место. Собрав колку што ми рече девојчето и тргнав назада. За враќање патот не беше толку тежок, ниту студен ниту топол. После вкупно осум дена се вратив кај девојчето.
 Таа во истиот миг си подготви лек, го испи и замислете што се случи. Девојчето се претвори во најубава кралица. Кралицата ме награди за мојата добрина и јас среќен се вратив дома.
Од тој ден одлучив да помагам на секој што можам. Кралицата стана многу позната затоа што ги удомуваше сите бездомни дечиња и се грижеше за нив како мајка. Јас секој четврток ја посетував, од неа слушав многу добри приказни и учев како треба да бидам хуман.


No comments:

Post a Comment