Tuesday, January 24, 2017

Оловниот стражар и скржавиот цар


Автор Христијан Ѓорѓиевски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Си бил еден цар. Царот сакал да си земе храбар стражар и затоа му рекол на слугата да разгласи секаде низ царството.
Другиот ден некој затропал на царската порта. Слугата ја отворил портата и пред неа стоело едно момче. Тоа момче било оловно војниче. Го пуштиле во дворецот и царот го примил на разговор.
На царот му се допаднало момчето и му рекол дека ќе го прими на работа но ќе му плати по една година. Оловното војниле се согласило и почнало со работа.
Поминала една година, поминале две години но царот само си купувал нова облека и никогаш не му дал плата на војничето.
Така, еден ден Оловното Војниче без да го праша царот избегало од царштината.
Си направило мала куќа и започнало таму да си живее. Потоа посакало да се ожени. Се оженило со убава, лична мома. По некое време им се родил син и Оловното Војниче било многу среќно и така си живеело долго, до крајот на својот живот.
Не верувај на секој во неговите ветувања.
Не дозволувај никој да те користи за џабе.


No comments:

Post a Comment