Tuesday, January 24, 2017

Добриот дедо и волшебниот молив


Автор Kристина Шарковска
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еден убав, сончев ден Оловното Војниче се шетало низ природата. Наеднаш здогледало еден стар дедо. Тој носел црна, стара облека и имал сини очи кои му светкале со добрина.
Оловното Војниче се сожалило и го зело стариот дедо со себе во својата палата да не биде сам.
Палатата се наоѓала на највисоката планина над градот Египедија. Сте слушнале ли за тој град?  Долго се качувале по старите скали од камен и стигнале во неа.
Кога стигнале, Оловното Војниче го сместило дедото во една соба. Собата била многу убава и топла со големо огниште на средината за да го топли дедото.
Стариот дедо му кажал на Оловното Војниче дека има еден волшебен молив но нема нова облека. Моливот бил многу необичен. Ги менувал сите бои на виножитото на секоја секунда но повеќе немал моќ да прави други чуда како порано.
-Не се грижи дедо, јас уште денес ќе ти купам нова облека-му рекло Оловното Војниче
Но дедото во тој миг зел црн хамер и со волшебниот молив си нацртал облека.
Кога нацртал рекол –Чириба-чири бу-и облеката се претворила во вистинска.
И дедото бил изненаден. Моливот сега повторно ја добил својата моќ за добри магии бидејќи Оловното Војниче се грижело за дедото. Таков бил тој молив, работел само ако околу него има љубов и грижа за дедото.
Потоа еден ден, Оловното Војниче му рекло на дедото да одат кај Малечката Сирена бидејќи слушнало дека нејзе и требале уште риби за нејзиниот аквариум да биде полн и таа да биде среќна како некогаш. Дедото веднаш се согласил.
Кога стигнале кај неа, дедото на ливчиња нацртал риби во илјада бои, рекол- Чириба, чири бу –и тие се претвориле во вистински. Сега аквариумот повторно бил весел и полн со пријатели за сирената. Таа им се заблагодарила, ги почестила со парче торта и си заминале.

Кога се вратиле во собата, дедото му кажал на Оловното Војниче дека тој не е сиромав дедо туку волшебник и дека неговото име е Закиј, помошник на добрите луѓе.
Оловното Војниче му се заблагодарило што и помогнале на сирената и замислете, како на приказните, дедото наеднаш го снемало. Каде заминал никој не дознал но секој ден се слушало како некој дедо им помага на сиромашните и билните луѓе само со еден молив.


No comments:

Post a Comment