Tuesday, January 24, 2017

Бајка од огништето


Автор Кристина Шарковска
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еднаш многу одамна заедно си живееле Грдото Пајче, Царот со ново руво, Оловното војниче, Снежната Кралица, Девојчето со кибритчињата, Јовче Будалчето и Малата Сирена. Замислете, колку големо друштво.
Нивниот дом бил на четири спрата и секој од нив си имал своја соба.
Еден ден седнале заедно да ручаат на нивната убава софра но претходно секој учествувал во готвењето. Снежната Кралица го спремила месото, Јовче Будалчето направил салата а сите други ја спремале масата освен царот. Тој, цело време мразлив чекал на готово и тропал  со виљушката на масата за да бидат побрзи но никој не му се лутел бидејќи бил најстар.
Додека ручале Оловното војниче предложило, кога ќе завршат со ручекот да одат кај огништето и секој да раскаже како си го поминал денот.
За брзо време завршиле со ручекот и седнале околу топлото огниште.
Грдото пајче прво почнало да раскажува. Тоа рекло дека цел ден си играло крај реката со своте пријатели. Толку било жедно што од литарско шише сок му останале само 150 мл не испиени. Се прашува колку испило? Бидејќи никој од нив не знаел да пресмета пајчето одлучило да пресмета само следното утро.
Потоа почнал да раскажува Кралот.Тој рекол дека цело утро се пресоблекувал. Од 363 облеки пробал 1/3. Сега се обидел да пресмета колку облеки успеал да проба но и нему не му одела математиката па се откажал.
Оловното Војниче рекло дека цело утро било со своите пријатели. Имало 98 пријатели и од нив дошле само половината а подоцна друштвото им се зголемило за двајца. Тие правеле невидена журка со музики и тапани.
Снежната Кралица рекла дека цело утро садела цвеќиња во дворот и ги полевала. Имала половина литар вода. За жолтите цвеќиња потрошила ½ вода . За сините 150мл а остатокот од водата го замрзнала. Сега се прашува колку вода претворила во мраз. Ќе ја оставиме да си пресметува а можеби и ќе и помогнеме ние.
Девојчето со кибритчињата кажало дека цел ден шетало низ градот и продавало кибритчиња.  Минатите денови продавало по 86 кибритчиња а денес и се случило да продаде три пати повеќе. Сега кралот се чудел колку кибритчиња продало девојчето денес но ништо не рекол на глас.
Малата Сирена рекла дека цел ден си играла со пријателите во големиот аквариум.  Црвените рипки многу сакале храна, вкупно изеле 420грама рибешка храна од кутија од 2кг. Сега Малата Сирена се прашува колку грама од храната излеле другите риби бидејки сега кутијата е празна.
На крајот Јовче Будалчето рекол дека цел ден ги забавувал децата во градот. Со нив изработувал шеќерни волни. Три деца направиле по 20 црвени волни а 6 деца направиле по 7 жолти, шеќерни волни. Сега Јовче не може да се сети колку вкупно волни направиле сите заедно и колку деца му помогнале.
Додека си разговарале и се мислеле да пресметуваат се стемнало и Оловното Војниче рекло дека е време да си легнат бидејќи многу му се спие.
 Прв на спиење заминал Царот и пред да си легне сменал 10 пара пижами и дури единаесеттите му се допаднале за да спие мирно.
Потоа си легнала Снежната Кралица во својот дијамантски кревет и цела ноќ сонувала цвеќиња во убави бои.
 Грдото Пајче заспало крај огништето а со него и Јовче Будалчето.
Другото утро појадувале и Грдото Пајче им предложило да одат кај фонтаната со математички форми за да запознаваат нови пријатели. Така и направиле
 Замислете како изгледала фонтаната направна од 1 петтоаголник, 4 триаголници, 4 по 3 кругови и 14 по 2 правоаголници. Јас си ја нацртав за да ми  биде интересно, можеш и ти да пробаш.
Таму го поминале целиот ден. Се дружеле со граѓаните и запознавале нови пријатели.
- Тоа е една од најважните работи за работење- велело секогаш Грдото Пајче.
Вечерта Снежната Кралица ги замолила да ги исчистат таванот и визбата.
Визбата ја исчистиле за 25 мин а таванот за 15 мин без пауза. Цело време со нив работела и Снежната кралица наместо да ја остават малку да одмори. Сега Снежната Кралица пресметува колку вкупно време работела за да им се пожали.
Во тоа време Царот со ново руво веќе ги облекол новите пижами и слатко заспал. Останатите го виделе и заминале на спиење како него но никој не заспал бидејќи царот грчел.


No comments:

Post a Comment