Tuesday, January 24, 2017

Пaлчица и чудниот триаголник на небото


Автор Леонид Јанковски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еден необичен ден од небото паѓаа ѕвезди кои светеа како оган.
Кога ќе паднеше некоја ѕвезда се слушаше тресок како гром, но ништо не се појавуваше.

Палчица во тоа време гледаше низ стаклениот прозорец, од десната страна на кујната.
Куќата беше на три спрата, во центарот на градот Перетино. И таа се чудеше што се случува. Се сети да оди до небото и да провери какво е ова чудо што ги плаши сите граѓани.
Се подготви, стави шал, капа, крзнена облека и вентијага. Се качи во својата кола и замина.
По патот стигна до една куќа. Подзастана со колата, се доближа и виде дека куќата е со искршени прозорци.
-Кој би можел да направи вакво нешто?-се прашуваше Палчица
 Погледна низ прозорецот и во собата виде необична машина.
-Не е културно но јас сепак морам да видам што е ова чудо- си рече Палчица. Се обиде да влезе низ прозорецот но додека влегуваше едно мало стакленце и се забоде во ногата.
Стигна до машината, стапна на неа и пред неа се отвори екран и на него еден текст. Го прочита и дозна дека тоа е машина за летање на небо од каде се се гледа.
Во истиот миг таа се најде на место полно со планети, ѕвезди и еден чуден триаголник. Палчица не можеше да се мрдне од место а толку многу беше љубопитна каде се наоѓа, што е ова. Сите сигурно се прашувате зошто не можеше да се мрдне од место? Ќе ви објаснам.
Нели Палчица се обиде да влезе влeзе во куќата со искршени прозорци и нели и влезе парче стакленце во ногата? Ете затоа сега не можеше да се мрдне од место, од голема болка.
Тогаш се сети да се јави и да побара помош од докторот по име Оловно Војниче.  Палчица се му раскажа со расплакан глас.
Докторот пукна со прстите и веднаш се најде до Палчица..Со една безболна инекција и го извади стакленцето и и ја соши раната. Палчица многу му се заблагодари и одлучи да ризикува и сепак да види каков е тој чуден триаголник во далечината.
Потоа тргна на долг пат и конечно стигна. Тогаш виде дека тој триаголник стои точно на планетата Земја. Се се случувало вака:
Две ѕвезди се судриле и тогаш еден сончев зрак удрил во нив. Од тој удар точно над Земјата се створил облак во кој војуваат двете ѕвезди цело време.
Палчица им се приближа и со тивок глас ги смири скараните ѕвезди. Тие брзо сфатија дека залудно се карале кога небото е нивни заеднички дом и долго се прегрнувале.  Потоа Палчица ги остави и задоволна си замина дома а бидејќи беше доцна си легна да спие.
Двете ѕвезди од тој ден постојано скришно го чуваа девојчето од далечините и без да знае му исполнуваа многу желби поради неговата добрина.


No comments:

Post a Comment