Friday, January 27, 2017

ЧУДНИОТ ГРАД И БАБАТА


Автор Андреа Долевска
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци
Еднаш пред многу години си била една бабичка.
Таа тргнала да се прошета до ливадата. Додека се шетала нашла еден ковчег, го зела со себе и си отишла дома.
Кога го оставила ковчегот во него се појавил прекрасен град. Некој со чуден глас и рекол:-,,Бабичке, ако сакаш влези во овој град а потоа кога сакаш можеш да се вратиш назад,,
Бабичката во себе си рекла: Да одам, да не одам! Да одам, да не одам! Како да направам? Да одам е прекрасно но слатката моја куќичка не ми се остава. Не знам што да правам. Ќе одам- одлучила бабата
Во тој миг таа се смалила и влегла во кофчегот. Таму имало многу луѓе и се било прекрасно. Наутро сите жители си подарувале подароци. На пладне сите заедно спремале свечен ручек и јаделе заедно на плоштадот. Секоја вечер правеле претстави за малите деца а старите жители на децата им раскажувале за минатото на градот во кофчегот.
Баба  се запознала со царот и царицата кои живееле во дворецот високо над планината.Тие и предложиле, ако сака да остане повеке дена во градот тогаш треба да реши три загатки.
Бабата била збунета но ги решила сите три загатки.
Првата загатка била: Каде бил центарот на земјата. Бабата одговорила дека центарот на земјата бил таму каде што седеле кралот и кралицата. Така тие биле среќни со одговорот и рекле дека тој одговор е точен според нив.
Таа одговорила и на другите две загатки.
Втората загатка прашувала што му е на царот најважно во животот.
Бабата одговорила дека тоа е кралицата и повторно сите биле среќни.
Третата загатка била -Дали  центарот на земјата содржи метали со магнетни својства.

Потоа бабата останала повеќе дена за да го разгледува градот. Видела дека сите треви и сите билки зборуваатила многу среќна и пријатно изненадена.Потоа се вратила дома и на сите им раскажувала за чудниот град и за прекрасното доживување. Кофчегот го чувала и од време на време одела на посета на градот.

Вистина а можеби не


Aвтор Андреј Паревски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еден ден додека седев до прозорецот забележав една многу слатка, бела снегулка.
Тогаш сфатив дека дошла зимата. Беше чудно што снегулката не се топеше.
Си облеков топла облека и излегов во дворот.Снегулката не можев да ја најдам бидејќи сега имаше многу снегулки. Јас бев многу тажен.
Во тој миг нешто ми зборна со многу тивок глас.
Јас се зачудив бидејќи никој немаше во моја близина. Потоа повторно слушнав глас кој ми кажа да погледнам на прозорецот.
На него стоеше блескава снегулка.
Ја прашав дали е таа што ми зборуваше а таа ми одговори дека била таа. Ние за брзо време се спријателивме, дури и нашите тајни си ги кажувавме. Мене многу ме интересираше од каде доааѓаат снегулките.
Таа ми ја раскажа целата приказна:
Горе на небото снегулките биле вработени кај некое џуџе. На снегулките многу им била тешка работата и затоа тие доаѓале на земјата за да се одморат. Тоа им било исто како да се на плажа.
Јас искрено не знаев дека снегулките така прават.
Но и снегулката имаше едно прашање за мене. Таа ме праша како ние луѓето сме толку големи и силни. Јас и објаснав дека секој од нас се раѓа мал а потоа расте.
Но повеќе од тоа не знаев како да го одговорам тоа прашање. Така разговаравме до касно во вечерта.
 Но имаше еден проблем. Јас, ако ја внесев снегулката во домот таа ќе се стопеше а мене ми беше жал да се разделам од неа. Таа ме убеди да ја земам и ми вети дека нема да се стопи и да ме остави. Ја зедов на дланката и ја венсов дома но од топлото таа почна да се топи. Јас почнав да плачам и во тој миг се разбудив во мојот кревет. Сепак ова било само обичен сон. Кој знае, можеби е вистина


Thursday, January 26, 2017

Тајната на градот заклучен во мало кофчеџе


Автор Сања Переловска


Си била една осамена бабичка која многу сакала да раскажува приказни но немала на кој да му раскажува. Таа прва дознала за градот заклучен во кофчеџе и само таа можела да влезе во него. И штом еднаш влегла морала да живее таму најмалку по 25 денови, секој месец во годината. Сега ќе ви раскажам како било.
Еден ден додека бабичката шетала случајно го нашла тајното писмо во кое било напишано како се отвара кофчеџето за влез во некаков заклучен град. Таа  била љупобитна и решила да види кој живее во таков чуден град.
Во писмото пишувало дека најпрвин треба да го најде кофчеџето. Тоа се наоѓало на сто чекори на исток од местото на кое го нашла писмото.
Таа ги направила стоте чекори и навистина пред неа стоел мал кофчег скриен на гранката од едно дрво.
Потоа повторно прочитала во писмото. Таму пишувало дека сега треба да ја пропушти раката во дупката на дрвото и таму ќе го најде клучот од кофчегот. Клучот навистина бил таму. Го зела, го отклучила кофџегот и за миг се претворила во мала бабичка и се нашла во градот.

Најпрвин видела прекрасен замок до кој можело да се стигне по многу камени скалички. Околу замокот имало неколку куќи направени од камен. Чудно било што никаде немало жители.
Еден 23 март додека шетала сама низ паркот во осамениот град видела нешто чудесно. Тоа бил голем кактус што почнал да зборува кога ја видел бабата.
-Добар ден бабичке. Дали ги имаш запознаено моите другари?
-Не, никого не сум сретнала, овде нема никој. Би сакала да запознаам пријатели за да не бидам осамена. Тука нема на кого да му раскажувам приказни.
-А сакаш да ти раскажам зошто во овој град нема жители, што се случи одамна со нив? Таа е тајната за овој град. Ќе ти ја раскажам некокој друг ден- рекол кактусот.
Кактусот најпрвин ја запознал бабата со школката која криела необични бисери кои само ги менувале боите и биле многу убави. Школката живеела на неколку чекори од кактусот, во песочна куќичка до езерце. Бабата ја замолила школката да и покаже еден од нејзини бисери а школката со задоволство се пофалила.
Потоа кактусот ја запознал бабичката со каменот што зборува. Бабата веднаш му раскажала една приказна и била многу среќа зошто има кој да ја слуша.
Сакал да ја запознае и со каменот кој пее но тој во рани утра пеел а попладне ниту зборувал, ниту пеел, ниту се смеел.
Затоа бабата се запознала со дрвото што зборува а ја видела и веселата трева која само играла кога ќе запеел каменот што пеел. Следниот ден и нив им раскажала по една од своите омилени приказни.
По неколку дена кактусот одлучил дека е време да и ја раскаже на бабата тајната за изгубените жители на градот.
-Многу убаво пријателе Кактус. И јас сакам да слушам приказни и многу сум љубопитна да дознаам каде се луѓето од овој град.
Кактусот прво и го покажал поточето со матна вода.
-Зошто оваа вода е чудна по боја пријателе?- прашала баба.
-Немој да ја допираш никако бабичке- викнал кактусот. Таа вода е солена и лоша. Поради неа еден ден, пред многу, многу сите жители на овој град станале невидливи. Никој од нас не знае точно како било но сега е вака. Толку. Заврши мојата приказна.
Бабата не знаела како да помогне за да ги врати жителите на градот  но од тој ден таа повеќе не била осамена. На сите нови пријатели во паркот им раскажувала свои приказни и сите биле среќни.
Во слободното време сите заедно барале решение како да ги вратат жителите од градот.
-Ајде низ целиот град да ставиме боцки од мене- предложил кактусот. Мислам дека моите боцки се лековити па кога некој од невидливите житли ќе стапне на боцка тој можеби ќе се претвори во видлив.
Но никој не се согласил со неговата идеја затоа што сите се плашеле дека жителите можат да се повредат и тоа може болно да заврши.
Каменот што пее предложил да ја соберат сета песок од плажата на езерцето во близина, да ја исфрлаат над градот и така можеби ќе се случи чудо.
-Како така, зар и мојата куќичка да ја срушиме? Јас живеам во песокта. Не, јас имам подобра идеја- рекла школката. Јас знам едно друго лековито поточе. Мене ми помогна многу пати. Еднаш моите бисрчиња се разболеа и не можеа да ги менувват боите. Случајно влегоа во потчето и оздравеа. Потоа тие наполнаа многу шишенца за да не ни затребаат повторно бидејќи поточето често не се гледа туку тече долу под земјата. Јас сеуште ги чувам тие шишенца за секој случај и ќе ви ги дадам.Можеби ќе помогнат некако.
Сите се согласиле со идејата на школката и ја пуштиле бабата да ги истури шишенцата во матното поточе. Во тој миг целата матна вода се впила во песокта и исчезнала а на нејзино место останала чиста вода.
Невидливите жители на градот во кофчегот постојано си се шетале и гледале се, ако нив никој не ги гледал. Така тие виделе што се случило со водата и пробале да си го измијат лицето. Во тој миг сите станале видливи. Бабичката која седела до поточето била многу изненадена и среќна. Нивниот план успеал.

 Сите жители се заблагодариле а најблагодарни и биле на школката која била несебична и ја дала водата која ја чувала за лек за своите бисерчиња. Дури и кралот и кралицата од замокот до кој се стигало преку патче од скалички биле многу благодарни.
Од тој ден бабата ја прогласиле за најдобра раскажувачка . Таа секој ден во точно време, во убавиот двор на замокот на кралот и кралицата им раскажувала приказни на сите деца од градот во кофчегот и никогаш не била осамена.
Бабичката после таа случка можела да излегува од градот во кофчегот и да си оди дома во својот град кога сака  а кога сака да се враќа бидејки направила добро дело и магијата на кофчегот се изгубила. Така сите биле среќни.

Затоа треба да бидеме стрпливи и да бараме решенија, да не се отажуваме. Може да ни помогне некој кој не сме мислеле дека може. 

Wednesday, January 25, 2017

Принцот што сакал да се ожени


Автор Андреј Паревски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еднаш многу одамна си живеше еден горделив крал . Тој крал беше многу силен и мудар а со него живееше и неговата убава, културна кралица.
После една година кралицата роди  убаво, слатко дете. Го крстија Марко.
Кога наполни 21 година Maрко сакаше да се ожени и затоа тргна на долго патување низ целата земја.
 Така принцот стигна до една дијамантска палата која се наоѓаше на врвот на планината Закиаки. Го пречекаа слугите како да е нивни син. Му дадоа да јаде и соба за да се одмори.
 Попладнето Марко влезе во собата на кралот и многу се зачуди. Таму се беше растурено, насекаде имаше расфрлана облека. Марко дури и не го препозна кралот од што беше толку млад и елегантен и затрупан со расфрланата облека. Но царот немаше никаква ќерка затоа што и тој сеуште се немал оженето.
Принцот Марко натажен, полека излезе од царската одаја и го остави царот да си игра со облеката. Потоа го продолжи патот. Веќе се стемнуваше.
По некое време здогледа убава, светликава ќуќа. Се доближи до неа, ѕирна низ прозорецот и виде дека нема никој. Но тој беше многу уморен и гладен затоа влезе внатре и многу се израдува кога забележа убава софра. На неа имаше топла супа, салата и еден бокал со вода.
 Принцот седна да јаде но по неколку минути сопствениците се вратија во куќата. Тоа беа тројца рудари кои работеа во рудникот на семејството Карцелоти.
Кога си влегоа дома тие многу се зачудја кога го видоа принцот како јаде од нивните супи. Принцот во исто време многу се исплаши кога ги виде нив но тие сфатија кој е и почнаа да му се поклонуваат. Тој ги замоли да не му се поклонуваат и им се забалагодари за гостопримството.
За време на вечерата Марко ги праша дали семејството Карцелоти има ќерка. Рударите му кажаа дека тоа семејство има една многу убава и скромна ќерка и потоа си легнаа да спијат.
Принцот сега одлучи што ќе прави и само малку поспа од радост.
Следното утро тој отиде во рудникот заедно со рударите и таму го сретна таткото на убавата девојка. Му се претстави, му кажа што бара и заедно отидоа во нивната палата.
 Таму ги пречека убава принцеза. Косата и беше како од свила, фустан од најскапоцен материјал и чевлите цели светкави. Принцот од прв поглед се вљуби во неа а и таа во него и тој веднаш ја побара за жена. Принцезата ја прифати понудата и заедно со Марко замина во неговото кралство.
Но мајката на Марко беше љубопитна и сакаше да провери дали можеби девојката е принцеза. Затоа првата ноќ без никој да знае ја стави да спие над 20 душеци а најдолу  под нив стави музичка кутија која свири многу тивка музика.
Другото утро девојката стана многу уморна затоа што цела ноќ не успеала да заспие од музиката во собата.

 Кралицата тогаш се израдува бидејки сфати дека дека девојката е и паметна и убава и принцеза. Ја направија најголемата свадба во светот и до крајот на животот си живееја среќно и весело. Mузичката кутија остана како спомен но никој повеќе не ја употреби за проверка на други луѓе туку само за слушање музика за уживање во текот на денот.

Во лов на скриеното богатство


Автор Андреј Паревски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еден ден отидов во библиотеката да прочитам нова книга. Таму најдов една многу стара и искината книга со позлатени корици. Во неа пишуваше за скриено богатство. Мапата која може да ме одведе до богатството ја имал само некој крал во пустината. Така пишуваше во книгата.
Затоа јас се спакував и тргнав на пат уште следното утро.
 Само еден авион патуваше во таа насока но тој авион немаше во план да застане во пустината. Немав избор и тргнав со него.
Додека патував од прозорецот видов едно кралство во пустината и знаев дека тука треба да слетам со падобран. Така и направив но кога слетав на земјата забележав дека дворецот го нема, само ми се причинило дека го гледам. Потоа одлучив да се вратам назад илјада чекори и по долго одење стигнав до кралството.
Влегов во дворецот и се сретнав со кралот. Додека шетавме во дворот полн со зеленило му раскажав за мојата случка и го замолив да ми ја даде мапата. Тој  од мене за возврат бараше да му помогнам да ја излекува керка му и јас се согласив. Ми рече дека треба да одам до една пештера и од таму да го земам магичното цвеќе кое лекува но не знаеше да ми каже каде се наоѓа таа пештера.
Додека одев низ пустината видов една планина и во неа еден мал отвор па си мислев дека може да е таа пештерата што ја барам.
 Влегов во пештерата, видов дека не сум во право и се натажив но забележав мапа нацртана на огромен камен и отидов до неа.
 За несреќа не разбирав ништо затоа што мапата беше нацртана само со слики и не ги разбирав. Ја прецртав на парче хартија и излегов надвор.
Само што излегов надвор сфатив дека зад оваа планина се крие уште една планина и пештерата е во неа.
 По долго одење стигнав до пештерата.
 Кога влегов во неа прво што забележав беше едно светликаво цвеќе. Го зедов цвеќето со нежен допир и многу се плашев да не го повредам. Верував дека тоа е магичното цвеќе. Го ставив во мојот ранец и потоа со брзање му го донесов на царот и тој ми ја даде мапата со скриено богатство.
На неа пишуваше дека треба да се се качам на еден брод. Бродот се наоѓал на едно пристаниште во близина. Лесно го најдов и со него пловев можеби два часа, ни самиот не сум сигурен колку. Така стигнав во магичен град каде требаше да најдам портал за премин во друг свет.
Зошто велам магичен град? Затоа што во него живееја точно двеста четириесет и пет магионичари. Многу интересно. Сите беа добри.
Еден од нив ми помогна да го најдам порталот во паркот кај играчките.
 Порталот беше направен од камен и вода. Замислете водата стоеше право нагоре и не паѓаше. Мене тоа ми беше многу чудно.
Влегов во него со мижење и кога ги отворив очите се најдов на еден чуден остров со палми и заспав уморен од чудното патување.
Кога се разбудив до мене стоеше папагал со пердуви во сите бои. Папагалот ми кажа дека во шумата има голем храм со две врати и петнаесет прозорци од кои не се влегува нити се излегува.
Патував, патував и стигнав пред храмот и потоа беше лесно бидејќи знаев да читам на повеќе јазици..
 На едната врата пишуваше каде е скриеното богатство. Си запишав каде е и слегов во визбата за да го побарам. За среќа лесно го најдов, оставено во цел ковчег во една тајна соба која се отклучи кога ја допрев со мојата дланка.
Го зедов богатството и за миг се најдов назад во библиотеката. Ни сам не знам како се случи тоа чудо.
 Во богатството  освен златници најдов и неколку интересни книги на неразбирлив јазик и нив решив да си ги задржам малку за да се обидам да ги прочитам и да си доживеам уште многу вакви авантури.
Останатото богатство решив да го однесам во музеј затоа што беше многу необично и не беше мое. Во музеј секој ќе може да го види а научниците ќе откријат кој го оставил и зошто.
Така и направив и бев многу задоволен од себе и оваа чудна авантура.
Ти можеш да ја нацташ мапата од мојата приказна. Земи хартија и боички и почни. Можеби ќе биде инетересно да видиме како изгледаше.


Себичен но несебичен Дедо Мраз


Автор Христијан Ѓорѓиевски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци


Си беше еден чуден  Дедо Мраз кој само ги броеше своите подароци: 1,2,3…68
Како што ги броеше тој реши оваа година за себе да ги задржи половината а само другите да им ги даде на децата.
Чуден овој Дедо Мраз...Колку подароци зел со себе?
Кога си летнал со елените по патот видел една мапа заглавена на врвот на една елка. Слетал со своите елени и ја зел за да ја прочита. Тој многу сакал мапи. Во таа мапа пишувало дека прво треба да помине низ една густа шума, да стигне до едно мирно езеро и  да си доживее интересни доживувања со делење подароци. Дедо Мраз сакал доживувања и тргнал во авантура.
За брзо време стигнал до шумата.
Во шумата прво го сретнал  Јовче Будалчето и му раскажал дека треба да го најде мирното езеро. Јовче го прашал Дедо Мраз:
-Сакаш ли да те однесам до езерото?
-Сакам, благодарам-рекол Дедо Мраз.
Така Јовче Будалчето го однел до езерото и си заминал.
До езерото имало само една голема куќа. Кога влегол Дедо Мраз во неа, таму имало 229 шарени подароци оставени покрај една елка и писмо во кое некој го молел да ги земе подароците за децата.
Ги зел и нив и заминал во градот.
Во градот сите подароци им ги подарил на децата а тие многу се радувале и го прегрнувале.
Колку дечиња израдував денес -горделиво си мислел Дедо Мраз и пресметувал?

Кога си отишол дома Баба Мразица  му зготвила топла чорба. Дедо Мраз и Баба Мразица јаделе топла чорба и си легнале да спијат.
Во сонот Дедо Мраз си ветил дека утре ќе израдува четири пати повеќе дечиња од денес и нема да биде себичен и да си чува подароци за себе.
(Колку дечиња треба да израдува утре за да си го одржи ветувањето од сонот?)


Tuesday, January 24, 2017

Сказна за малиот пеликан и изгубената мапа


Автор Леонид Јанковски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еден ден до куќата во која живеел малиот пеликан помина поштар и во сандучето остави писмо_______.
Малиот пеликан веднаш дотрча и го зеде. Во тоа писмо се наоѓаше една мапа која за несреќа му оделата од рацете и замина далеку_________.
Пеликанот се врати во својата куќа, се подготви и со брод отплови до Антартикот за да најде писмото__________.
Таму виде игло________. Во тоа игло имаше таен подземен тунел кој водеше до Африка__________.
Можеби таму е мапата? -си рече и влезе во тунелот.
 Додека одеше низ него и лево и десно гледаше чудни жолти кристали во кои цело време се огледуваше. По долго одење здогледа парче хартија и си помисли дека тоа е неговата мапа. Истрча до неа но кога стигна виде само празен лист. Погледот го насочи на десно и виде светлина која води до излезот од тунелот.
Кога стигна во Африка се најде пред некоја стара куќа_________и сакаше да влезе но стапна на стапица која го однесе право над една палма_________.
На палмата имаше балон. Се фати за него и веднаш летна во царството над облаците________. Toa беше чудотворно за малиот пеликан. Толку убаво царство немаше видено никогаш во животот. Тој остана без зборови. Додека шеташе низ царството згазна на еден облак и пропадна во некоја соба од која никој до сега не излегол жив. Малиот пеликан се исплаши но во последен миг вресна толку силно што моторите што сакаа да го повредат престанале да работаат и малиот пеликан се спаси.
Излезе од таму,  скокна долу за да избега од царството над облаците и за среќа падна точно на трамболина________. Трамболината му овозможи да летне многу високо и сега се најде во еден чоколаден град. Зградите беа направени од црно чоколадо а прозорците од бело. Дрвјата беа од шеќерна волна а улиците полавени во шлаг.
По извесно време одење низ градот_______ малиот пеликан стигна до чоколадна фонтана која се наоѓаше во центарот на градот и таму ја најде мапата завиткана како лижалче. Ја зеде во раце  но таа повторно му одлетал точно каде што живее.
 Уморен од целата авантура полека се враќаше место по место и по еден месец се врати дома. (Врати се и ти од место до место на почеток по ред на сите места)
Мапата беше во дворот. Ја зеде со фаќалка за салата бидејќи се плашеше да не одлета повторно.
Од неа со цртање направи копија која ја стави во рамка бидејќи му беше интересно дома да има мапа а вистинската мапа сепак ја врати во поштенската куќичка бидејќи мислеше дека можеби не е за него, на писмото не пишуваше име до кого е испратено.
И јас вчера си нацртав мапа со скриено богатство и си ја ставив во рамка од дрвца за украс во мојата соба. Пробај и ти, многу е интересно.


Шесте елки и облачето кое не знаело како се јаде јаболко



Автор Андреа Долевска
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Во едно мало место си живееле шест елки. Тие разговарале за тоа која е најубава.
Едната велела дека таа е најубава но и другите го зборувале истото. По некое време почнале гласно да се караат и така ги слушнало снежното облаче.
-Не се карајте, сите сте многу убави- им рекло. Сега јас ќе почнам да врнам снег и сите ќе бидете уште поубави.
Почнало да врне снег и навистина шесте елки станале уште поубави.
Во тој миг заборавиле на нивната караница и заедно почнале да прават снешко.
За брзо време направиле голем снешко и весело играле со гранките околу него.
Пристигнале новогодишните празници . Децата од селото ги накитиле шесте елки а ноќта пристигнал и Дедо Мраз и под елките оставил многу подароци за децата.
 За облачето кое ги смирило елките оставил цела корпа вкусни јаболка затоа што сакал да му подари здрава храна за неговата добрина.
Облакот веднаш го видел подарокот и почнал да јаде од вкусните јаболка. Но тој не знаел како се јаде јаболко па така земал едно по едно, ги каснувал по еднаш и потоа ги фрлал.
Елките многу се зачудиле кога виделе дека наместо снег облачето сега фрла гризнати јаболка и се исплашиле дека ова е можеби некое чудно невреме. Бидејќи многу ги болело кога паѓале јаболката на нив тие сите заедно го замолиле облачето да престане да врне јаболка.
-Јас како може да врнам со јаболка? Јас врнам снег. Ме чуди што зборувате. Еве сега и не врнам ништо туку само си јадам јаболчиња-рекло облачето зачудено.
Кога сфатиле што се случило никој не се налутил. Сите елки гласно се насмеале и полека му објасниле за да научи како се јадат јаболчиња и каде се фрлаат отпадоците.
За тоа се пријателите, да си помгаат и да не се караат кога некој греши.


Авантурата на Дедо Мраз


Автор Андреа Долевска
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еден убав зимски ден, Дедо Мраз ги подготвуваше подароците за децата од светот. Неговата куќичка беше највеселата куќа во целата околина. Од неа се слушаше само смеа, радост и по некое чук, чук. До вчера му помагаа седумте џуџиња но денес тие заминале на одмор па Дедо Мраз вечерва си работеше сам.
Тој сам успеа да направи само сто педесет и пет подароци а требаше да направи подароци за двеста педесет и едно дете.
-Уште колку подароци треба да направам јас?-се прашуваше Дедо Мраз и броеше.
Дедо Мраз си пресмета убаво и ги заврши сите подароци за брзо  време. Сите шарени, од убави поубави. Се напи едно какао и летна со ирвасите.
По долго патување стигна до еден град во коj имаше 90 куќи. Во една куќа живееја по 2 дечиња. Дедо Мраз им подари подароци и седна да си пресмета колку вкупно подароци подарил тука. Потоа повторно тргна на пат. 
Патуваше, патуваше и здогледа осамена куќа на три спрата.
-Каква е оваа напуштена куќа? Толку убава а сама овде, далеку од градот- се чудеше Дедо Мраз. Ајде сепак јас да проверам. Можеби некој живее тука- си рече Дедо Мраз и се спушти низ оџакот.
На првиот спрат живеја 10 дечиња, на вториот спарт имаше 25 дечиња а на третиот спрат живеја 9 семејства со по 4 дечиња.
-Леле колу убаво. Толку дечиња на едно место. За малку немаше да слетам кај нив.
 Колку вкупно подароци поделив во оваа куќа?- се прашуваше Дедо Мраз за да си запише.

Потоа задоволен заминал од градот. По патот повторно правеше математика за да види колку вкупно подароци поделил денес. Ако му помогнеме и ние ќе биде добро. Што мислите другарчиња?
На пат кон својата куќичка забележа нешто чудно во снегот....
Но тука завршува моето раскажување. Понатму можеш да продолжиш ти. Ќе биде интересно.


Торбата на Дедо Мраз


Автор Стефан Петковски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци


Наближуваше Новата Година. Дедо Мраз се подготвуваше да тргне на пат за да ги подели своите 250 подароци. Кога се спакува забележа дека неговата торба ги собира само половината од подароците.
Колку подароци можам да земам со себе? - загрижен се прашуваше сега Дедо Мраз. Ајде да си ја спакувам торбата. Немам многу време. Дечињата сигурно ме чекаат.

Се качи на санката и тргна.
Најпрвин подари 25 подароци во најблиското село но одејќи по патот понатаму најде 10 подароци во шумата. Беа оставени под една елка и до нив писмо „За Дедо Мраз и дечињата од светот„. Побара да прочита кој ги оставил но никаде не пишуваше.
 –Какво изненадување, ќе ги земам и со нив ќе израдувам 10 дечиња-си мислеше Дедо Мраз и ги зеде во торбата.

Тие 10 подароци им ги подари на децата од првата улица во следното село. Сите деца беа многу среќни и заминаа дома да си ги стават под своите елки.

Потоа во уште 2 жолти куќи подари по 17 подароци. Им ги остави под елката во заедничкиот двор како изненадување.

По патот ги сретна Палчица, Оловното Војниче и Шрек и нив им даде на секој  по 19 подароци за да му помогнат и да ги однесат на децата во едно оддалечено село од неговиот список.

Така помина овој ден и дојде вечерта. Многу се умори и реши да се врати дома, да ја наполни торбата и утре да го продолжи патот. Гледа на часовникот и се мисли.
- Веќе е 20 часот и 15 минути. Дома ќе стигнам во 10 минути до 21. Колку минути вкупно ќе патувам со санката?-си зборуваше тој и патуваше со санката.

По некое време стигна дома . Седна да си пие какао и да прави список за да пресмета колку вкупно дечиња израдувал денес.  Така пресметуваше долго време. Беше уморен и математиката не му одеше. Ако сакаш ти можеш да пресметаш и ти и да му помогнеш.  Убаво е да се помага.

-Веќе е доцна. 11:50 ?- гледаше Дедо Мраз на својот стар часовник на ѕидот.
- Јас морам да си легнам за 15 минути. Тоа е моето правилото, легнување во исто време -рече загрижен и замина во својата соба да се поготвува за спиење. Утре го чека нов ден и нови патувачки авантури.
Добра ноќ


Математички предизвик за најубав Снешко


Автор Филип Велевски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еден убав снежен ден децата од селото Снежново решија да прават снешко.
Си облекоа топла облека,  шал, капа и топли нараквици и се договорија да се чекаат на снежната ливада прекриена со бел килим.
Додека одеа по патот си разговараа како да го направат снешкото за да биде многу интересен.
Филип имаше многу интересен план. Си го имаше запишано на ливче за да не заборави.
Сите го послушаа и почнаа да го прават снешкото на Филип.
 Најпрвин направија една снежна топка тешка 3кг.
Потоа направиле една топка од 2500g.
- Колку килограми е тоа?-се чудеше едно од децата.
Третата топка тежела 340g помалку од втората.
Колку теба да тежи оваа топка?- сите размислуваа за да биде точно.
Наместо нос му ставија морков тежок 20g и очи од капачиња по 8g
-Дали знаете за колку грама е полесен морковот од снежната глава на снешко?-праша Филип и сите започнаа да пресметуваат бидејќи сакаа математички предизвици.
Потоа му ставија тенџере како капа и тоа тежеше 700g. Сега снешкото стана многу интересен.
Облеката му ја украсија со 36:6 жолти петличиња и 49:7 црвени петлици.
Децата многу се израдуваа на снешкото и скокаа околу него. Во таа игра Филип на грешка го скрши носот на снешко на четири дела.
Два од деловите тежеле по 2,5 грама а останатите биле еднакви.
Колку тежел секој од нив?-сега сите се прашувале но никој не знаел точно. Можеме ние да им помогнеме.
За да не биде тажен Филип, Андреа сега на снешко му стави нов морков кој тежел 2 пати повеќе од претходниот нос.
Колку тежи новиот нос на снешко, дали ќе погодите?-праша Андра со смеење.
Кога го направија снешкото си заминаа во своите топли домови и се договорија секој да напише по една песна за снешко.
Само Филип напиша извинувачко писмо за скршениот нос.


Добриот дедо и волшебниот молив


Автор Kристина Шарковска
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еден убав, сончев ден Оловното Војниче се шетало низ природата. Наеднаш здогледало еден стар дедо. Тој носел црна, стара облека и имал сини очи кои му светкале со добрина.
Оловното Војниче се сожалило и го зело стариот дедо со себе во својата палата да не биде сам.
Палатата се наоѓала на највисоката планина над градот Египедија. Сте слушнале ли за тој град?  Долго се качувале по старите скали од камен и стигнале во неа.
Кога стигнале, Оловното Војниче го сместило дедото во една соба. Собата била многу убава и топла со големо огниште на средината за да го топли дедото.
Стариот дедо му кажал на Оловното Војниче дека има еден волшебен молив но нема нова облека. Моливот бил многу необичен. Ги менувал сите бои на виножитото на секоја секунда но повеќе немал моќ да прави други чуда како порано.
-Не се грижи дедо, јас уште денес ќе ти купам нова облека-му рекло Оловното Војниче
Но дедото во тој миг зел црн хамер и со волшебниот молив си нацртал облека.
Кога нацртал рекол –Чириба-чири бу-и облеката се претворила во вистинска.
И дедото бил изненаден. Моливот сега повторно ја добил својата моќ за добри магии бидејќи Оловното Војниче се грижело за дедото. Таков бил тој молив, работел само ако околу него има љубов и грижа за дедото.
Потоа еден ден, Оловното Војниче му рекло на дедото да одат кај Малечката Сирена бидејќи слушнало дека нејзе и требале уште риби за нејзиниот аквариум да биде полн и таа да биде среќна како некогаш. Дедото веднаш се согласил.
Кога стигнале кај неа, дедото на ливчиња нацртал риби во илјада бои, рекол- Чириба, чири бу –и тие се претвориле во вистински. Сега аквариумот повторно бил весел и полн со пријатели за сирената. Таа им се заблагодарила, ги почестила со парче торта и си заминале.

Кога се вратиле во собата, дедото му кажал на Оловното Војниче дека тој не е сиромав дедо туку волшебник и дека неговото име е Закиј, помошник на добрите луѓе.
Оловното Војниче му се заблагодарило што и помогнале на сирената и замислете, како на приказните, дедото наеднаш го снемало. Каде заминал никој не дознал но секој ден се слушало како некој дедо им помага на сиромашните и билните луѓе само со еден молив.


Девојчето со кибритчињата и волшебното стапче


Автор Андреа Долевска
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еден убав зимски ден едно девојче шеташе по расветлените и украсените улици.
Тоа со себе носеше кибритчиња. Сите ја знаеја како Девојчето со кибритчињата.

Кога ќе ја видеа да помине по улиците сите ја викаа кај нив да и ги купуваат кибритчињата. Знаеја дека е сиромашна и сакаа да и помагаат затоа што вредно работи.
Таа им даваше кибритчиња а тие а возврат и даваа се и сешто..Колачи, благи, месени работи..

Некој од нив и даваше и топла облека.

Шетајќи така низ улиците еден ден сретна една жена. Таа не беше обична жена, беше кралица на снегот и се викаше Снежна Кралица.
Кога го виде девојчето дека со себе има кибритчиња многу се израдува но немаше пари да си купи и се договорија за возврат да и даде волшебно стапче.

Со тоа стапче девојчето можеше да направи се што ќе посака.
Да има топла облека, разновидна храна и куќа како од соништата.

После тоа девочето своите кибритчиња повеќе не ги продаваше туку ги даваше на сиромашните луѓе заедно со многу други поребни подароци. Сите и се заблагодаруваа и сите го сакаа Девојчето со кибритчињата. Бидејќи беше многу скромна стапчето никогаш не ја изгуби својата моќ.


Најдобриот човек


Автор Леонид Јанковски
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еден ден еден човек по име Борис си шетал во шумата. Таму слушнал како нешто шушти, се свртил назад, лево, десно но никаде ништо немало.
Се вратил дома но и таму слушнал необично шушкање.
Другиот ден Борис одлучил да истражува што е тоа шушкање насекаде.
Прво отишол во шумата на местото каде поминувал минатиот ден. Се доближил до една грмушка, видел едно мало, расплакано лисиче и за брзо време го вратил кај неговата мајка.
Другиот ден и помогнал на една птица на која и било скршено крилото.
По три дена Борис сечел дрва за огрев бидејќи се ближела зимата и додека го сечел дрвото тоа му паднало на ногата. Птицата го видела тоа и решила да помогне.
Веднаш и кажала на лисицата а лисицата побарала помош од мечката затоа што знаела дека претходниот ден Борис му помогнал на малото мече да се врати дома. Мечката веднаш се согласила да помогне. Со своите силни заби го тргнала дрвото и го ослободила Борис.
ПОУКА- ДОБРИОТ ЧОВЕК СЕКОГАШ СЕ ПОЧИТУВА
ПРИРОДАТА КАЗНУВА АКО НЕ СЕ ГРИЖИМЕ ЗА НЕА


ВОЛШЕБНАТА ГИТАРА


Автор Андреа Долевска
IV одд “OУ Кочо Рацинс. Ивањевци

Еднаш многу одамна си живеело едно детенце по име Иван.
Иван еден ден решил , да оди на лов. Се спремил и заминал во шумата.
Тој имал планирано денес да лови срни но додека ги барал низ шумата на ум му паднало дека тоа не е добра идеја, срните се греота а и сите други животните па затоа решил да ужива во природата.
Додека си берел дрва за да си запали оган, забележал едно многу високо дрво во кое имало огромна празнина. Ја пуштил својата рака во празнината и фатил нешто чудно. Кога го извлекол видел дека тое е многу убава гитара.
-Леле колку сум среќен, секогаш сакав гитара-рекол Иван
 Ја зел гитарата, си запалил оган и почнал да свири. Додека свирел почнало нешто чудно да се случува. Од гитарата почнале да паѓаат златници.  Ги собрал златниците и малку си заспал во природата.
Следниот  ден и бил роденден на неговата најдобра другарка Ана.
 Иван отишол во чаршијата да и купи подарок. Детенцето размислувало што да и подари на најдобрата другарка. Се сетило дека Ана многу сака да чита книги и затоа и ја купил најинтересната и најубава, најголема, книга со бајки.
Вечерта отишло детенцето на роденден и и ја дало книгата на Ана. Ана била пресреќна што има такво добро другарче.
 Кога сите гости си заминале Иван и раскажал на Ана за гитарата и пак почнал да свири. Чудото се повторило и овој пат.
 Од тој ден гитарата почнала да им ги исполнува сите желби. Ана и Иван биле пресреќни.
Во понеделникот посакале гитарата да им даде многу храна за да им ја подалат на сиромасите во градот за цела недела.
Во вторникот посакале нова облека за сите пријатели.
Секоја среда од гитарата барале куклена претстава без пари за сите деца.
Во четврток барале дрва за секој дом.
Во петок играчки за малите деца.
Во сабота и недела прошетка низ Зоолошката градина и блискиот парк
И така повторно и повторно.
 Гитарата им останала како еден многу убав спомен од прекрасен ден поминат во природата а таа никогаш не престанала да исполнува желби затоа што децата биле многу добри и со нејзина помош им помагале на сите жители од градот.
Но еден ден на несакање гитарата паднала и една од жиците се скинала на три дела. Што се случило понатаму и ние не знаеме. Можеби...